Барај
%
×
HUGO
Летни парчиња во кои вреди да инвестирате сега!
БЛОГ

Летни парчиња во кои вреди да инвестирате сега!

Иако денеска и официјално е првиот ден од пролетта, никогаш не е рано да се подготвуваме и за топлата сезона која дефинитивно на сите ни е омилена.

Во моментите кога најважно од се е да останеме дома и да го чуваме здравјето, наполнете ја кошничката со неодоливи летни парчиња кои ќе бидат причина плус за да го повикаме летото.

Токму во новите парчиња од Women’Secret ќе најдете неодоливи модели на куси фустанчиња и комбинезони кои се како создадени за долгите, топли денови.

Во нивната понуда ќе најдете и супер тренди костими за капење чие време допрва ќе дојде. За изгледот да е комплетен, во нивната колекција има и супер уникатни чевли направени од најфини материјали во бои на кои нема да можете да им одолеете.

Стилизирајте некое од овие парчиња со шик модни додатоци и имате подготвено кул комбинација за било кој од летните денови.

Секогаш, она што го сместуваме во есенцијалните парчиња потребни за совршено лето се чантите во кои ни собира апсолутно се, а брендот сезонава ги нуди истите во неколку тренди изданија.

Фустаните и комбинезоните со точки се апсолутен хит, па ако истите се направени од неодолив памучен материјал кој истовремено е и пријатен за носење, тогаш имате полн погодок.

Погледнете ги парчињата што денеска ги издвоивме за вас и направете си комбинација во вашата кошничка, па нарачајте ги омилените уште денес!

 


 Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                    

20.03.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...