За пролетната сезона подготвивме неодоливи кампањи за нашите брендови, а сега е совршено време да ги погледнете резултатите од истите.
Денеска ве запознаваме со грациозната Маја Михајловиќ, прекрасна девојка и модел од Србија, која ја пренесе сета своја позитивна енергија во кампањата за Fashion&Friends.
Носејќи ги фантастичните парчиња на брендот, таа беспрекорно позираше пред апаратот, а воопшто не беше проблем да направиме и едно забавно интервју низ центарот на Скопје.
Преку истото, ќе ја забележите одлична енергија на Маја со која уште еднаш докажа зошто е задоволство да се работи со неа.
Облечена во раскошните парчињ на нејзиниот омилен бренд Fashion&Friends, таа совршено ни прикажува што е она што треба да го носиме во топлата сезона, но и зошто е супер да купуваме онлајн.
Како што посочува, нејзината омилена боја е црната, која ја издвојува како една од најголемите класици, а подеднакво е вљубена и во малиот црн фустан. Кусото интервју со Маја го гледате и читате во продолжение.
-Која е Маја?
Маја е една едноставна девојка од Србија, поранешна студентка на Факултетот за организациони науки која ја обожува модата.
-Што за тебе значи соработката со брендот Fashion&Friends?
Можам да кажам дека Fashion&Friends е мојот омилен мултибренд, така што многу ми значи тоа што денеска сликам за Вас во прекрасното Скопје.
-Омилено парче облека?
Мал тесен црн фустан.
-Трендови на кои се радуваш во 2020?
Комбинирање на различни принтови и материјали, пред сè, слобода во комбинирањето.
-Боја за 2020?
Секогаш црна.
-Најубавиот град што си го посетила?
Мајами
-Ритуали пред спиење...
Една крема, друга крема, серум, масажа на лицето, beauty sleep.
-Како ти се допаѓа Скопје?
Го обожавам Скопје, ова е можеби петти пат да сум тука.
-Најдобра работа што ти се случи денес?
Ова интервју.
-Најголемиот херој во твојот живот?
Мојата мајка.
-Најголема љубов?
Првата љубов.
-Омилен десерт?
Се што е чоколадно.
-Брза храна или салата?
Салата.
-Омилена модна икона?
Кери Бредшо.
-Што прочита последно?
Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ - „Мојот ангел чувар“
-Омилен филм?
Shutter Island
-Што за тебе значи убавината?
Она што доаѓа одвнатре.
-Купуваш ли онлајн?
Да, купувам онлајн затоа што можам да кликам додека лежам во кревет и не морам да се шетам низ продавници. Мислам дека секој треба да купува онлајн, сепак сме 21 – ви век.
Модел: Маја Михајловиќ
Облека: Fashion&Friends
Фотограф: Мирко Табашевиќ
Видео: Филип Пашоски
Фризура: Октај Сејди
Шминка: Зоран Шурбевски
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: