Барај
%
×
HUGO
Како да го организирате плакарот додека сте дома?
БЛОГ

Како да го организирате плакарот додека сте дома?

Нема ништо поубаво од организиран плакар од кој секое утро ќе ги пронајдете совршените комбинации за обврските што ве чекаат во текот на денот.

Доколку сметате дека токму вашиот плакар е оној на кој му треба пролетно средување, сега е вистинското време за тоа. Најчесто, треба да сте одморени и да имате доволно време за да го организирате, па соодветно на ова, веруваме дека овие моменти се совршени за вакво нешто.

Она што прво треба да направите е да си пуштите добра музика која ќе ве натера и да играте додека ги средувате алиштата. Погрижете се да најдете простор на кој ќе ги ставите сите алишта, бидејќи првиот чекор кон организирање на плакарот е вадењето на сите парчиња надвор.

Погрижете се полиците во истиот да се совршено чисти, бидејќи алиштата се едни од оние парчиња што собираат најмногу прав. Откако добро ќе го исчистите, „фрлете“ се на складирање на оние алишта што не ви се потребни и одвојте ги во една кутија која подоцна ќе можете да ја однесете во некоја хуманитарна организација.

Следно што треба да направите е да им посветите соодветно внимание и на фиоките со долна облека, а сега е вистинско време кога можете да побарате соодветен начин за да ја класифицирате.

Обидете се сами да направите прегради во кои ќе ги одвоите килотите од градниците и сите останати мали детали, а верувајте дека на овој начин ќе ви биде многу полесно да го најдете она што го барате во даден момент.

Посветете доволно внимание и на оние парчиња што подолго време ви стојат во плакарот, а за кои и самите знаете дека штом не сте ги облекле барем еднаш, нема да ги облечете никогаш.

Токму тие парчиња се подготвени да си заминат од вашиот плакар, а доколку ви падна на ум некому кому би му се допаднале, без размислување спакувајте ги за да му ги подарите.

Класифицирајте ги парчињата што ви стојат на закачалка по боја, така не само што плакарот ќе ви изгледа поубаво, туку и полесно ќе можете да си ја најдете омилената кошула со која обожувате да правите комбинации.

Оставете простор во горниот дел од плакарот за да ги наредите сите чанти што секојдневно ги носите, а на останатите пронајдете им соодветен простор за да не ви пречат.

Сега, откако плакарот е совршено среден, дозволете си себеси да се почестите со некое парче за кое сега всушност и имате место.

Останете дома и нарачајте онлајн, а ние ќе се погрижиме секојдневно со интересни објави да ви го пополниме времето со многу интересни содржини и заедничка интерактивна забава!  

Фото: Madison Van Rijin, Тhe spruce, bcacf.com, Woman's day.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                  

19.03.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...