Барај
%
×
Brand of the week - Timberland
Fashion Group Триумфира на E-Commerce Awards 2024 со пет награди
БЛОГ

Fashion Group Триумфира на E-Commerce Awards 2024 со пет награди

 

Модната групација Fashion Group уште еднаш докажа дека е лидер во е-трговијата, освојувајќи пет награди на E-Commerce Awards 2024. Овие признанија ја потврдуваат нашата посветеност кон квалитетот, иновациите и исклучителното онлајн шопинг искуство.

 

 Оваа година, Fashion Group ги понесе следните награди:

Победник во категоријата „Е-продавница за облека, обувки и додатоци“ – признание за нашата извонредна понуда и корисничко искуство во светот на модата.

Победник во категоријата „Најдобар верификуван е-трговец“ – доказ за нашата транспарентност, доверба и сигурност при онлајн купувањето.

Второ место во категоријата „Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми“ – признание за нашата конекција со публиката и активноста на дигиталните платформи.

Трето место во категоријата „Е-продавница за убавина, нега и здравје“ – награда која ја потврдува нашата успешна експанзија во индустријата.

 

 

Трето место во категоријата „Е-трговец на годината“ – признание кое ја одразува нашата конзистентност и лидерска позиција во секторот на е-трговијата.

Овие награди претставуваат признание за нашиот постојан труд, иновации и тимски дух. Благодарни сме на нашите верни клиенти за нивната поддршка и доверба. Тие се двигател на нашата мисија – да овозможиме брзо, сигурно и уникатно онлајн купување.

Наградите од E-Commerce Awards 2024 ни’ се поттик да продолжиме со уште поголема посветеност и енергија во создавањето на најдобро шопинг искуство за нашите клиенти. Им благодариме што ни’ ја даваат довербата секој ден!“ – изјавија од Fashion Group

Како компанија што постојано вложува во подобрување на корисничкото искуство, Fashion Group останува посветена на развојот на е-трговијата во земјата. Овие награди се поттик за нас да продолжиме со дигитални иновации, квалитетна услуга и врвно модно доживување!

Како компанија која постојано инвестира во иновации, трендови и технологија, Fashion Group продолжува да го трансформира пазарот и да ја носи модата на ново ниво. Нашиот успех на E-Commerce Awards 2024 е само уште еден чекор напред во нашата визија – да останеме прв избор за сите љубители на модата во земјата и регионот.

 

27.03.2025.
          Trenutno nema komentara

          Слични статии