Почитувани клиенти, би сакале да ве известиме дека согласно препораките на Владата, од викендов се затворени сите наши продавници во затворените трговски центри.
Меѓу продавниците кои останаа да работат, бидејќи истите се наоѓаат на отворен простор се MANGO во Градскиот трговски центар, BOSS на улица „Македонија“, PARFOIS во Битола, како и Fashion Group Outlet, исто така во ГТЦ.
Бидејќи вашето здравје е нашиот најголем приоритет, во моментов активно функционира нашата онлајн продавница, а она што е важно да се напомене е тоа што сите доставувачи на Eco Logistic се целосно опремени со заштитна опрема.
Од овој момент активна е и бесплатна достава за сите направени нарачки на нашата онлајн страна, но и на мобилната апликација која имате можност да ја симнете во секој момент.
Она на што сакаме да потсетиме се препораките на Министерството за здравство, да се остане дома се со цел да се заштитите себеси и сите околу вас.
Во овој момент, одговорноста на заедницата е клучна во справувањето со ширењето на вирусот. Обидете се да избегнувате групирање во овие моменти, особено со мали деца или постари лица, не заборавајте да ги миете рацете бидејќи хигиената е клучна во моментов, носете маска, воздржете се од ракување и прегрнување и откажете ги сите собири во претстојниот период.
Има толку многу прекрасни работи што можете да ги правите дома, а една од нив е минување квалитетно време со вашето семејство.
Посветете се целосно на сите неизгледани серии, книги што толку долго ви стоеја на полиците, разгледајте ги сите нови колекции, прочитајте што ќе се носи оваа година и не заборавајте, пролетта многу скоро ќе дојде.
За да уживаме во истата, она на што сега мора да се концентрираме е изолацијата во нашите домови колку што можеме повеќе, а најавени се и многу интересни интерактивни активности, како заедничко вежбање онлајн, репризирање на интересни содржини, концерти онлајн и што уште не.
Ние продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата, а вам ви посакуваме да останете во вашите домови и добро да се грижите за вашето здравје и здравјето на семејството.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: