Деновиве времето е толку совршено што некако само по себе дојде пакувањето на капутите и јакните и уживањето во пролетната гардероба.
По тој повод, на денешното прекрасно сонце ве запознаваме со некои од најголемите трендови за оваа топла сезона кои знаеме дека ќе ги обожавате.
Нема ништо поубаво од лежерна кошула во светла нијанса комбинирана со омилениот џинс, рамни чевли и чанта, а токму тоа ќе биде комбинацијата што и најчесто ќе ја гледаме низ улиците.
За да сте целосно подготвени, ви предлагаме неодоливи и супер стилски комбинации кои може да ги нарачате со само еден клик.
Сите парчиња се дел од новите колекции на нашите брендови, а сега е полесно од кога и да е да ги нарачате од било каде.
При изборот на пролетните парчиња, обидете се да се фокусирате на свежи и неодоливи бои како едни од најпопуларните оваа сезона.
Она на што знаеме дека нема да можете да одолеете се нашите актуелни понуди меѓу кои и онаа со специјални цени на Womеn’Secret и Springfield каде секоја дама ќе го најде својот фаворит.
Новите колекции се надополнети и со шармантни памучни маички на куси ракави, но и со кошулки со кои ќе уживате да правите секојдневни комбинации.
Не заборавајте и на удобноста и нарачајте си некој од моделите стилски патики што ги има во изобилство, а соодветно внимание посветете им и на модните додатоци кои се подеднакво важни како и облеката.
Сега е вистинскиот момент да го збогатите плакарот и со соодветната пролетна јакна, а сите знаеме дека денимот никогаш не излегува од мода.
Погледнете ја нашата целосна пролетна понуда и уште денеска одберете ги вашите фаворити и задолжително наполнете ја кошничката.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: