Барај
%
×
HUGO
Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!
БЛОГ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

 

Во пресрет на новата сезона, Fashion Group внесува свежина во секојдневието. Инспирирани од „Натпросечните Македонци“ Тино и Атанас, „Натпросечно со стил“ доаѓа во време кога на сите им е потребна смеа и подобро расположение. 

 

 

Новата кампања за сезоната есен-зима ’24 на модната групација е посветена на сите убавини и нови почетоци што со себе секогаш ја носи промената на сезоната. Есенва, се обидуваме смеата да ја направиме вирална со момците кои се олицетворение на истата – Тино и Атанас.

Тие на сосема поинаков, но исклучителен начин ги прикажуваат новите колекции на брендовите на Fashion Group, кои содржат нова естетика, боја, трендови и инспирација за сите кои оваа сезона сакаат да се издигнат над просечното, без разлика на стилот што го негуваат. 

 

Тоа значи дека мажите, преку колекциите на Fashion Group имаат можност да ја изразат својата креативна страна, комбинирајќи ги трендовите посмело и впечатливо.

Модата е можеби сериозна работа, но истовремено нуди можност за забава додека го бараме најдоброто модно издание за пригодата што ни е посебна.

И токму затоа, Fashion Group оваа сезона, за која велат ќе е позабавна од било кога, повикува на добро расположение, модна храброст и стил во се' она што ни го сочинува секојдневието - да комуницираме стил,  да се движиме со стил, да имаме став, да го „надминеме“ просечното во наш стил.

Во сезона есен 24/25 да ги вратиме и насмевките во мода, а сите други модни трендови, веќе се во продавниците на Fashion Group!

 

 

 

 















Организација и реализација: Fashion Group
Фотограф: Соња Ставрова @cattgthr
Видео: Дарко Јовановски @_darkojovanovski
Стилист: Бојана Максимовска @bojancy
Шминка и фризура: Studio Sashions @studiosashions
Сезона: Eсен-зима ‘24

 

04.10.2024.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...