Барај
%
×
HUGO
Костим и патики – „wow“ комбинација за оваа пролет!
БЛОГ

Костим и патики – „wow“ комбинација за оваа пролет!

Доколку во вашиот плакар се уште не направивте место за неговото височество – костимот, време е да ја исправите грешката.

Покрај тоа што женските костими се едни од најпопуларните парчиња за сезонава, истите се неверојатно лесни за комбинирање и ќе ви го олеснат секое утро кога се двоумите што да носите на работа.

Без разлика на бојата, костимот носете го со едноставна бела памучна маичка или кошула одоздола, а ако сега си помисливте дека мора да го надополните со високи потпетици, грешите – патиките се новиот омилен сојузник на костимите.

Оваа пролет сè е дозволено кога е комбинирањето во прашање, па така, во нашата понуда има огромен број на панталони и палта за создавање на совршениот костим, а подеднакво популарни се и патиките кои знаеме дека ќе ги обожувате.

Сезонава девојките ширум светот покрај класичните црни костими, обожаваат пастелни нијанси, а меѓу омилените е и флоралниот принт.

Покрај тоа што со изборот на соодветниот женски костим никогаш нема да погрешите, ќе ви се олесни изборот за совршениот стајлинг за било која пригода, без разлика дали се работи за секојдневните работни обврски, свадба на пријателката или пак некоја забава.

Она поради што е добро да инвестирате во костим оваа сезона е тоа што со купување на истиот, добивате две парчиња што можете да ги носите и одделно и секогаш да изгледате шик.

Костимот е дефинитивно прв на листата must have парчиња за новата пролетна сезона на која толку многу и се радуваме.

Во понудата сместивме и стилски патики со кои ќе го надополните изгледот, а секако, ќе можете да ги носите и со било што и да посакате.

Погледнете ги нашите комбинации и нарачајте го вашиот фаворит уште денеска!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                

11.03.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...