Барај
%
×
Parfois
Fashion Group - Уживај во откривање на непознатото!
БЛОГ

Fashion Group - Уживај во откривање на непознатото!

 

Ова лето, дозволете си да бидете понесени од нова вибрантна приказна свежо пласирана од брендовите на Fashion Group. Неодоливите и никогаш поубави парчиња совршено ја прикажуваат уникатната Maryse како наша инспирација оваа сезона кога се вљубуваме во неоткриеното.

 

 

Откако со гордост ги заокруживме изминатите 20 години, период за пaметење од ситe можни аспекти, одиме кон нови предизвици и нови сезони кои едвај чекаме да видиме што ќе донесат.

Во меѓувреме, со гордост ви ги прикажуваме новите колекции полни колоритни парчиња, полни парчиња со своја приказна и парчиња совршени за секоја ваша пригода.

Опиени од боите на летото, нашите брендови нудат исклучителна понуда за она што значи summer fun, со внимателна доза на ретро стил и урбани вибрации за целосно исполнети барања на нашите купувачи.

 

 

Ова лето, Fashion Group девојката е похрабра од кога и да е, ужива во комбинирањето на Women’ secret костим за капење со New Balance патики, набрзина го одбира омиленото здолниште и е спремна за спомени во долгите летни денови.

Шармантната Maryse како една од нашите најпознати инфлуенсери, секојдневно црпи инспирација токму од неспоивото, она на што никогаш нема да се сетите дека е совршен пар, а токму тоа е и пораката на Fashion Group за оваа сезона-Уживајте во откривање на непознатото.

Токму во моментов таа ја открива Шведска за која ќе каже дека донесе нов бран свежина за неа и дека со нетрпение го чека она што таа има да и го понуди!

 

 

Дозволете му и вие на ова лето да ве изненади-останете на плажа до доцна во ноќта, пробајте го специјалитетот за кој толку долго читавте, насликајте слика или купете го фустанот во бојата што никогаш не ја сметавте за ваша.

Она што ние со сигурност можеме да ви го ветиме се уште исклучителни кампањи, парчиња кои ќе бидат љубов на прв поглед, совршени комбинации и make up за секоја пригода, а ваше е само да уживате и целосно да се препуштите на убавините што ги нудат топлите денови.

Која е вашата дестинација ова лето? Ние ги имаме вистинските комбинации, ваше е сонот да го преточите во реалност!

 

 

 

 

 

 

 
26.07.2024.

Слични статии

21.
Aug.
2024.
БЛОГ
Поим за брендот Timberland, но сосема соодветен за сите останати, во августовскиот број на дигиталниот магазин Fashion Group, Тони Зен „позира“ в...
06.
Aug.
2024.
БЛОГ
Fashion Group ги израдува своите корисници со нова убава вест. Лојалти картичката сега во функција и за онлајн програмата, па тие што ја поседуваат ќе можат ...