Компанијата Fashion Group во соработка со Црвен Крст и Здружението „Животна искра“ денеска им додели мали подароци на жените на Клиниката за радиотерапија и онкологија по повод Интернационалниот ден на жената 8-ми март.
Покрај Денот на жената, од 1 – ви до 8 – ми март традиционално се одбележува и Неделата за борба против ракот, па ова беше симболичен начин да им покажеме на жените дека не се сами.
Подароците на жените им ги додели подмладокот на Црвениот крст, а како и секоја година, така и оваа, храбрите жени ги примија со многу љубов и насмевка на лицето.
„На жените борци од Клиниката за онкологија сакавме да им покажеме дека не се сами и да поминеме малку време со нив. Симболично, им доделивме мали подароци со кои изнудивме барем мала насмевка кај нив. Ќе продолжиме да ги подржуваме секој ден во нивната борба“, велат од компанијата Fashion Group.
Инаку, последните податоци посочуваат дека во Македонија од рак на дојка заболуваат по четири жени дневно, а најмладата пациентка е на возраст од 20 години. Околу 35 проценти од карциномите се дијагностицирани на возраст под 55 години, а 12 проценти под 45 години.
Во Европската унија, од рак на дојка годишно заболуваат повеќе од половина милион жени, но она што охрабрува е тоа што најновите податоци говорат дека 90 проценти од случаите можат да бидат излекувани доколку навреме се дијагностицираат, објави Здружението „Борка“ минатата година.
Токму поради тоа, она што е најважно е раното дијагностицирање на болеста за да може да се преземат соодветни мерки. Тоа може да го направите со редовни прегледи, а подеднакво важен е и самопрегледот за кој здруженијата во Македонија редовно организираат обуки.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: