Колоритни летни вибрации вчера се ширеа од продавницата на Women'Secret во Сити Мол, на кои никој не можеше да им одолее.
Со сладолед, лимонада, фини колачи од лимон, добра музика и атмосфера, присутните можеа да ја видат најновата летна колекција на омилениот бренд на дамите. Брендот се потруди да го донесе летото меѓу сите кои вчера посакаа да имаат едно поинакво искуство!
Секоја од присутните дами го одбра својот летен фаворит меѓу костимите за капење, а Women'Secret се потруди и ова лето да направи колекција која е љубов на прв поглед.
Без оглед дали сакате едноделни и еднобојни костими за капење или бикини со принт - ќе ги најдете тука. Дополнително, нема потреба да размислувате и да го осмислувате летниот изглед, бидејќи летната колекција е надополнета со бохо фустани, туники и комбинезони. Со бохо нота, асоцираат на егзотика, слобода и море - се' она што ни треба во актуелната сезона!
Инаку, ова е и роденденски месец на Women'Secret, затоа во наредните денови не пропуштајте да наминете и да го пронајдете својот нов омилен костим за капење и да уживате во шопингот по одлични намалени цени на целата колекција.
Воедно, уште една одлична причина за шопинг во Women’secret овие денови се и подароците кои ги добивате со секоја сметка над 1.500 денари.
Ваше е само да одберете како сакате да изгледате ова лето и да се препуштите на уживањето!Women'Secret е местото од каде што треба да почнете со летните планови!