Барај
%
×
Springfield
Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!
БЛОГ

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

 

 

„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога - Bitsiani!

 

 

Познатиот бренд оваа пролет има нова колекција подготвена со идеја момците да ја сменат „играта“. Како? Да одберат нешто поинакво, свежо и светски!

Bitsiani водичот за оваа матурска сезона вели дека боите се тренд број еден. Од сини до пастелно розови комбинации, во нив се инкорпорирани младешката енергија, смелост и живот! Нема простор за здодевност на матурската забава, па дури и кога се работи за изгледот. Лежерната елегантност која се содржи во кројот овозможува удобност и лесни движења во вечерта кога треба навистина да доминираат.

 

 

За момците кои сакаат нешто уште похрабро - одела со принт или уште повеќе - принт + боја. Одличен начин да се спои новото со класичното. Да се привлече внимание, но со вистинската доза на стил и уникатност. Супер избор за оние кои уживаат да привлекуваат погледи.

 

 

Не ги забораваме ниту момците кои за ваква (или било која друга) свечена пригода би ѝ дале предност на елеганцијата и безвременоста. Кога некој сака вака да изгледа, одбира црно струкирано Bitsiani одело и добриот впечаток е веќе загарантиран.

Секако дека овде понудата на Bitsiani не завршува, но е добар вовед во она што можеш да го очекуваш оваа пролет кога ќе имаш многу причини за славење.

Биди добро облечен Bitsiani фраер со манири! А ако ти треба совет или сугестија како да издоминираш во оваа сезона на прослави, тимот на Bitsiani е секогаш тука за да ти помогне да ја понесеш уникатноста со стил!

 

 

 

 

Организација и реализација: Fashion Group

Фотограф: Мартин Трајановски

Локации: Клуб Хазард, Куглана Мусандра, Тениско игралиште Александар Палас

Гардероба: Bitsiani 

 

16.04.2024.
Trenutno nema komentara

Слични статии

25.
Dec.
2024.
БЛОГ
За празниците да го пронајдеме мирот по кој толку копнеевме. За љубовта, овие празници да биде двојно поголема!