Погледот кон ѕвездите буди фасцинација. Поттикнува надеж. Колку пати си погледнал кон небото посакувајќи нешто силно? Или си погледнал за да поздравиш некој што многу ти недостасува? А можеби само уживаш во магичноста што ѕвездите ја создаваат на небото, како потсетување во животот дека и во најтемните моменти, сепак има мали одблесоци кои не смееш да ги пропуштиш.
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен амбиент, со син пијалок и ист таков дрес код за совршена атмосфера, беа претставени новите фантастични производи.
За симболиките, пораките и мистериозноста на ѕвездите, нивната боја и значење вчера разговаравме со Радан Митровиќ, член на Скопско Астрономско Друштво и Снежана Миленковска Петкас, астролог. Тие ни ја потврдија магичноста, но и комплексноста на ѕвезденото небо и одговорија на љубопитноста на присутните за нивното постоење и поврзаноста на љубовта и ѕвездите.
Колекцијата пак, е совршен спој на сини и сребрени тонови, со неутралните топли нијанси и цврните, страствени. Сега можеш да креираш изглед со уникатна приказна и симболика. Направи комбинација од магичност, топлина и страст. Сенки, лакови за нокти, кармини, руменила - треба само да се нурнеш во убавината на значењата и боите.
Идеално за Денот на вљубитените, нели? Одбери или уште подобро, подари нешто од новата колекција посветена токму на љубовта и слави ја!
Погледни вечерва во небо.
Кого го сакаш до ѕвездите и назад? Можеш ли да ја видиш љубовта запишана во ѕвездите?
Кико Милано вели ДА!