Денеска е последниот ден од традиционалниот карневал во Рио де Жанеиро, еден од настаните што привлекува најголем број луѓе од сите страни на светот.
Очекувано, карневалот стартуваше со неверојатно впечатливи костими полни светки, пердуви, уникатни маски и што уште не, со што се потврди дека ова ќе биде уште едно издание за паметење.
Откако самбата во 1917 – тата беше прогласена за официјален танц на фестивалот, истиот стана еден од најпосетуваните и најспектакуларните за следење.
Токму тие беа и највпечатливите – момци и девојки од бројните училишта за самба во Рио ги преплавија улиците танцувајќи во ритамот на еден од омилените жанрови.
Неверојатно спектакуларни беа и натпреварите помеѓу познатите самба групи кои направија вистинско шоу низ улиците, додека публиката ги бодреше своите фаворити.
Како и секоја година, така и оваа групите што беа дел од карневалот се пошегуваа на сметка на политичарите, а оваа година сето внимание беше насочено кон претседателот Жаир Болсонаро, но огромно внимание привлече и првата трансродова жена која беше на чело на оркестар со тапани.
Очекувано, немирите и протестите и овојпат беа составен дел од спектаклот, но во продолжение ви ја претставуваме позитивната и секогаш колоритна страна на карневалот.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: