Барај
%
×
LEVIS - TIMELESS STYLE
Есен со Springfield Kids - за топол детски поглед и среќа!
БЛОГ

Есен со Springfield Kids - за топол детски поглед и среќа!

 

Нема ништо потопло од детскиот поглед, насмевка, чистата детска среќа. И токму ова е претставено во најновата кампања за Springfield Kids, организирана и реализирана од Fashion Group.

 

 

Брендот со кој неодамна македонската јавност имаше можност да се запознае, го „одобрија“ и најмалите и родителите.

Инспирирани од реакциите кои ги добиваме, создадовме есенска приказна која секое дете треба да ја доживее.

Желбите на децата и нивната невиност се во фокус на овој нов едиторијал. Воедно, токму на овој начин имате можност да ѕирнете во новата колекција за сезонава. Блузички, џемперчиња, комплети за секогаш да имате подготвено комбо, фустанчиња, панталони, кошулки во предлог комбинации ќе ви ја разбудат инспирацијата.

 

 

Она што е секогаш императив се меките, природни материјали, затоа што децата секогаш го заслужуваат најдоброто.

Детската колекција на Springfield е изобилство на секојдневни комбинации - спортски или оние малку покласични, но секогаш со нешто интересно и впечатливо.

Во новата колекција момчињата можат да ги најдат новите омилени тренерки, дуксери, кошули, панталони, додека на девојчињата навистина ќе им биде тешко да одберат помеѓу интересните блузи, впечатливите фустанчиња, јакнички и маички.

 

 

Новата колекција можете да ја најдете во продавницата на Спрингфилд во Сити Мол и секако на нашата Fashion Group апликација која ви е достапна 24/7.

Да имаме што повеќе топли детски очи и насмевки!

 

 

 

 

Организација и реализација: Fashion Group

Фотограф: Александра Костадиновска

08.11.2023.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...