После летната пауза, Fashion&Friends Сити Мол те чека во ново руво со неверојатно разубавена продавница!
После летната пауза, Fashion&Friends Сити Мол те чека во ново руво со неверојатно разубавена продавница!
Дојди овој петок и имај можност прв да видиш каква трансформација направивме! Ќе те внесеме во сосема нов свет на модата и креативноста! Направена по светски стандарди, ставајќи го во преден план фокусот на купувачот и неговото уживање при секоја модна прошетка, ќе посведочиш на простор кој ќе те однесе низ различни модни приказни.
Секој дел е внимателно осмислен, со впечатливи детаљи, модни комбинации, дизајнерски сетапи и со сигурност ќе ти го задржи вниманието.
Колку да ти ја заскокоткаме љубопитноста, ќе ти откриеме дека има многу боја и супер впечатливи парчиња од твоите омилени брендови.
Уште една причина за да дојдеш е што ќе имаш можност меѓу првите да ја видиш и најновата есенска колекција и да црпиш неограничена модна инспирација од брендовите Desigual, Replay, Diesel, Guess, Liu Jo... Стартувај ја есента подготвен и тренди!
За да ја прославиме повторната средба со купувачите и вљубениците во брендот, само во петок ве чекаат -20% на сите парчиња од новата есен-зима колекција!
Започни го викендот со нас и уживај во убавината што ќе те опкружи.
Ти ветуваме навистина несекојдневно шопинг-искуство кое вредеше да се чека!