Барај
%
×
HUGO
Познатите го обожаваат Levi’s!
БЛОГ

Познатите го обожаваат Levi’s!

Во последно време на пазарот се појавија огромен број брендови кои во својата понуда имаат безброј модели на џинс, но се чини само еден остана доследен на својата работа – Levi’s.

Британскиот магазин The Sun го стави Levi’s на првото место брендови чии парчиња ќе бидат хит во 2020, а соработките со познатите личности го направија омилен меѓу трендсетерите.

Последно, култните Levi’s објавија серија фотографии на кои шармантниот пејач Khalid носи стилски чино панталони на кои им даде сосема нова, свежа димензија.

Во име на пролетта, дизајнерите на брендот создадоа и уникатни маички на куси ракави, лежерни кошули и дуксери кои ќе ви бидат најдобри сојузници во сезоната што доаѓа.

„Сакам да ја користам облеката како начин да се изразам себеси. Ми се допаѓа тоа што Levi’s нуди толку многу опции кои изгледаат супер и во кои се чувствувам току удобно“, ќе каже младиот музичар за соработката со брендот.

Дека Levi’s е еден од омилените брендови на познатите покажува и фактот што на All star викендот Канје Вест се појави во уникатни фармерки од соработката на брендот со познатиот дизајнер и музичар Тримејн Ејмори кој стои зад брендот Denim Tears.

Во колекцијата што тој ја направи со Levi’s ќе најдете уникатни парчиња како фармерки и тексас јакни со впечатлив принт кои раскажуваат една посебна приказна.

Во Levi’s е вљубена и една од најактуелните манекенки во моментов, Каја Гербер која за нејзините неформални излегувања многу често одбира џинс со потпис на брендот.

Не смееме да заборавиме ниту на одличната колекција која ултра талентираниот Џастин Тимберлејк ја создаде за Levi’s, а која беше една од најпознатите на брендот.

Она поради што едноставно не можете да му одолеете на Levi’s е пред сè уникатноста и лежерноста која ја поседуваат сите модели, но и историјата што нивните парчиња секогаш ја раскажуваат.

Сончевото време е доволна инспирација да почнете да го разубавувате вашиот плакар со парчиња во кои ќе се чувствувате посебно, а тоа можете да го сторите уште денес. Посетете ја нашата онлајн страна и нарачајте го совршениот модел џинс, дуксер или било кое друго пролетно парче во кое ќе уживате во текот на целата сезона.

Бидејќи се грижиме за вас, создадовме и колекција online only во која сместивме уникатни парчиња кои сега можете да ги нарачате само онлајн пред сите други. Во истата, ќе најдете и парчиња од Levi’s во кои знаеме дека ќе се вљубите.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                  

19.02.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...