Барај
%
×
HUGO
Тина Тарнер: Едноставно, најдобро облечената!
БЛОГ

Тина Тарнер: Едноставно, најдобро облечената!

 

По долго боледување, на 83 годишна возраст почина рок дивата Тина Тарнер која светот ќе ја памети како една од дефинитивно најголемите музички легенди во историјата.

 

 

Позната по нејзините супер енергични настапи кои беа инспирација за многумина, таа важеше за една од најголемите поборнички за правата на Афроамериканките и воопшто, нивното место во музиката.

Секогаш ултра расположена, нејзините концерти беа момент на кој секој сакаше да присуствува, дел поради исклучително добрите песни, а дел да сведочат на сите стилски комбинации кои дефинитивно ќе останат запаметени.

Вљубена во светкавите парчиња, кралица на мини фустаните и здолништа, секогаш со акцент на исклучителните нозе, таа важеше за една од најдобро облечените дами во музичката индустрија, особено кога станува збор за сценскиот изглед.

Нејзината неверојатна музичка кариера таа ја започна заедно со сопругот, за подоцна да се разведе од него поради лошиот однос и малтретирањето и да продолжи да настапува сама со сценското име Тина Тарнер што успева да го задржи.

Подоцна, среќата ја наоѓа со германскиот продуцент Ервин Бах со кого се сели во Швајцарија и во 2013 – тата се откажува од американското државјанство за да стане швајцарски државјанин.

Целосно ужива во убавините на земјата која ја смета за своја, каде и ги живее последните денови од нејзиниот живот и покрај болеста, ќе каже дека токму таму, го доживеала она што го замислувала како вистинска среќа!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

25.05.2023.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...