Омилениот бренд за долна облека на дамите Women’secret го слави својот 30 – ти роденден, па водени од сета убавина низ годините, истиот го одбележавме и во продавницата на брендот во трговскиот центар Сити Мол, целосно во духот на летото што доаѓа.
Посветени на дамите и сета нивна убавина, овогодинешниот јубилеен роденден на брендот предизвика огромно внимание, раскажувајќи ги најубавите приказни зошто толку долги години жените ги одбираат парчињата од Women’secret.
Следствено на едиторијалот со познатата инфлуенсерка Ангела Георгиев, насловната во магазинот „Убавина и зравје“, одличните промоции поврзани со роденденот, петокот беше одлична прилика да се најдете во продавницата на брендот.
Неодоливи намалувања од -30% за времетраењето на настанот, промоција на новата колекција совршени костими за капење, уживање во добра латино забава и вкусни коктели, беа само дел од причините за насмевки на присутните на настанот.
Како и секогаш, новата колекција костими за капење на брендот е полна со парчиња изработени од внимателно одбрани материјали, во неодоливи бои за сечиј вкус, а изборот на модели е поголем од кога и да е.
Она што и овојпат освојува во новата колекција на Women’secret се дополнителните парчиња настрана костимите за капење, како фустаните создадени за целодневно уживање во прошетките на плажа, наметките со кои ќе ги направите најдобрите и најстилските фотографии на летниот одмор, модните додатоци за коса, чантите и исклучително тренди сандалите и папучи кои одлично ќе се вклопат во летните комбинации.
Дека станува збор за уште една супер атрактивна летна колекција на брендот докажува и огромниот интерес од страна на познатите дами кои веќе ги споделија своите фаворити на социјалните мрежи. Без двоумење, Women’secret уште еднаш понуди совршена колекција од која секоја дама без проблем ќе ги одбере своите фаворити и докажа зошто веќе 30 години е бренд на кој жените секогаш му се воодушевуваат.