Барај
%
×
HUGO
Како Адел изгуби повеќе од 40 килограми?
БЛОГ

Како Адел изгуби повеќе од 40 килограми?

Веќе подолго време Адел живее живот настрана од медиумите, но папарацо фотографите го користат секој миг да ја „уловат“ планетарно популарната пејачка.

 

 

Она на што никој не остана рамнодушен беше нејзиниот нов изглед со кој ги подели мислењата на фановите, а истиот го презентираше на неодамнешниот одмор со пријателите и на забавата по Оскарите.

 

 

Последно таа беше фотографирана како ја напушта салата за вежбање во Лос Анџелес, а на фотографиите изгледа речиси непрепознатливо.

 

Подеднакво впечатлива беше и на нејзиниот одмор на Карибите заедно со Хари Стајлс и Џејмс Корден, на кој изгледаше прекрасно во неколку летни стајлинзи.

 

 

Токму тие фотографии деновиве го обиколија светот, а мислењата за нејзиниот изглед се поделени. Нутриционистите ќе кажат дека таа не изгледа здраво, најверојатно поради начинот на кој ги изгубила килограмите.

 

Нејзиниот ментор и тренер Камила Гудис вели дека Адел не е од оние што обожуваат вежбање, така што губењето на килограмите кај неа 90 проценти се должи на здравата исхрана, а ништо од она што многумина го наведуваат, не е точно.

 

 

Ќе додаде дека она на што секој треба да му посвети внимание доколку сака да изгледа добро и здраво е збогувањето со газираните пијалоци, слатките и сета преработена храна, како и редовните кардио вежби.

 

Според британските медиуми, диетата со која таа изгубила повеќе од 40 килограми се базира на внесување само 1000 калории на ден, првите три дена, а следните четири по 1.500 калории.

 

Диетата трае седум дена, а после тие, останува на вас како ќе продолжите со исхраната доколку сакате да постигнете долготрајни резултати.

 

Ви се допаѓа ли новиот изглед на Адел?

 

Фото: Daily Mail, Adele/Instagram

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                

13.02.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...