Подготвени сте за освежување на плакарот? Од денеска, во продавниците на Fashion Group и онлајн започна омилената mid - season sale промоција!
Уживајте во шопингот на селектирани парчиња од вашите омилени брендови, сега, на намалување до неверојатни -40%. Без разлика дали сте во потрага по парчиња со кои сакате да им ставите крај на студените денови, или пак планирате супер комбинации за сите денови од пролетта, понудата на брендовите на Fashion Group е и повеќе од исклучителна.
Меѓусезонското намалување е одлична можност да го обновите плакарот со шик модели од секоја категорија, почнувајќи од лежерните парчиња како фустани и кошули за топлиот период пред нас, костими во кои ќе освојуваме оваа сезона, ултра удобни обувки во кои секогаш вреди да се инвестира и што уште не.
Сега имате одлична можност да направите листа со омилените парчиња во кои се замисливте себеси оваа сезона и да ги купите сите класици што ќе бидат одлична база на комбинациите во кои ќе оставите впечаток во деновите што доаѓаат.
Бидете ултра уникатни и одберете од неодоливата понуда на урбаните парчиња на Superdry, Timberland, Levi’s, Desigual, Calvin Klein, Miss Sixty, Replay и многу други, а не заборавајте и да си ги набавите сите фаворити од колекцијата на Kiko Milano. Ако веќе подолго време имате wish list на која ги ставивте сите парчиња со кои сакавте да го освежите плакарот, денеска е супер ден да почнете да ја остварувате, бидејќи истите ги снемува со исклучителна брзина. Покрај физичкиот шопинг во кој повторно се вљубивме, повеќе од одлична е и опцијата да уживате во онлајн купувањето како исклучително олеснителна околност кога времето ви е ограничено. Викендот дефинитивно може да започне малку порано со оглед на тоа што имаме супер причина за радост и одлични производи на уште подобро намалување!