Барај
%
×
HUGO
Познатите блогерки сезонава носат тексас здолништа!
БЛОГ

Познатите блогерки сезонава носат тексас здолништа!

 

Секоја сезона постои едно парче во кое девојките инстантно се вљубуваат и кое со сериозна леснотија го комбинираат со сите шик парчиња што ги поседуваат.

 

 

Оваа пролет, најстилското парче што секоја трендсетерка треба да го има во плакарот е дефинитивно тексас здолништето за кое без сомнение можеме да кажеме дека ќе остане да постои како вистински класик во нашата гардероба.

Постојат многу причини поради кои оваа сезона тотално се исплати да инвестирате во добро тексас здолниште, што го докажува и фактот што истото е достапно во најголемиот дел од познатите брендови.

 

 

Истите се комбинација на удобност и стил, а она поради што девојките ги обожаваат е тоа што овие здолништа многу лесно се вклопуваат во сечиј стил.

Познатите брендови понудија голем дел на модели во различни должини што ги прави уште попосакувани, но и разни видови на кроеви со кои секогаш можете да си играте.

Секогаш можете да им додадете разни модни додатоци како ремен и сл., но доколку сакате нешто повеќе, купете си веќе „украсени“ како оние со ред нитни во пределот на џебовите, бисери по целата површина и што уште не.

 

 

Најбезбедна варијанта која е вистински класик во секое време е нивното комбинирање со бела маичка и кожена јакна за овој период, но обидете се да експериментирате и додадете доза шик во секој ваш изглед.

Носете ја со омиленото палто за да оставите впечаток на состанокот пред вас или со транспарентна тантелна маичка за излегување со пријателките.

Во нашите брендови ќе ги најдете омилените модели на тексас здолниште за оваа сезона, а низ текстот мала инспирација за тоа како тренди девојките го комбинираат истото.

 

 

 

 

 

 

27.03.2023.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...