Во моментов Margot Robbie е актуелна со нејзиното последно филмско остварување „Birds of prey“ за чии промоции прекрасната актерка одбира неверојатно стилски комбинации.
Неодамна, таа беше фотографирана на вечера во Лондон, а за пригодата одбра едноставна комбинација составена од неодоливи минималистички парчиња.
Плетениот џемпер фустан во беж нијанса таа го комбинираше со впечатливи чевли и прекрасен крем капут со потпис на познатиот бренд Mango.
Нејзиниот стајлинг е дефинитивно сè што нѝ е потребно во преодната сезона, во случајов со поинаков модел чизми или чевли со оглед на температурите надвор.
Margot Robbie во неколку стилски комбинации на премиерата на „Birds of prey“
Капутот чии варијации можете да ги погледнете на следниов линк, е одлично парче кое секоја дама треба да го има во својот плакар, бидејќи е супер лесен за комбинирање со секое парче.
Оваа зима носете го со џемпер и џинс, со здолниште и кошула, но и со омилениот фустан на кој истиот ќе му даде сосема поинакво значење.
Доволно е впечатлив за да не треба дополнително да го украсувате, па некој стилски шал во соодветна боја би бил доволен.
За свечените премиери, Margot најчесто одбира креации во црна нијанса
Прекрасната и ултра талентирана Margot е позната по нејзините стилски комбинации, па така на сите промоции можевме да ја видиме во внимателно одбрани комбинации кои за неа ги прави стилистката Кејт Јанг.
Margot во стилска комбинација со цветен принт
Погоре во текстот погледнете дел од комбинациите во кои Margot блесна изминатиов период, а нарачајте онлајн некој од сличните модели што нашите брендови ги имаат во изобилство.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: