Ако веќе сте љубители на Liu Jo, треба да знаете дека од неодамна во продавницата на Fashion&Friends покрај обувките, можете да ги најдете и ултра стилските парчиња облека со потпис на брендот.
Сега е вистинското време да ја направите најстилската комбинација со која ќе се издвоите од толпата оваа сезона и ќе се чувствувате пошик од кога и да е. Во колекцијата се сместени претежно лежерни парчиња за удобни и урбани денови, поради кои едвај чекаме да се ослободиме од слоевитите комбинации.
Покрај памучните маички со интересни натписи и детали што неодоливо потсетуваат на пролетта, во колекцијата на брендот ќе најдете и совршени јакни за преодната сезона, блузи на долги ракави за секоја пригода, но и супер удобни и шик патики кои се љубов на прв поглед.
Токму овие класика парчиња на Liu Jo ќе ви го олеснат секојдневното правење на комбинации за вистинско уживање во пролетните денови што се пред нас.
Во однос на палетата на бои, во колекцијата преовледуваат претежно неутрални нијанси со акцент на поинтензивни детали што совршено се вклопуваат во сечиј стил.
Брендот е познат по исклучителните материјали, па така и во оваа колекција не изостанува квалитетот и удобноста кога говориме за она од што се изработени парчињата.
Токму тоа, ќе ви овозможи дополнително уживање во секој еден топол ден што доаѓа и целосно препуштање на сите обврски.
Без разлика како и да се одлучите да ги комбинирате, бидете сигурни дека сте инвестирале во вистински класик што ќе остане да сведочи за вашиот урбан стил.
*Погледнете ги и нашите фаворити од женската колекција и купете ги веднаш!