Продолжуваме со модниот хороскоп во кој неколку месеци наназад говориме за стилот на знаците, а овојпат, цел месец им посветуваме на рибите.
Секогаш слободни и ведри во духот, расположени за разговор во секое време, она што ги крактеризира кога говориме за стилот на рибите се секогаш уникатните комбинации, благодарение на нивната способност за трансформација за која секогаш се спремни.
Она на што рибите можеби најмногу се посветени кога говориме за шопингот, се чевлите во кои секогаш одново се вљубуваат, па повеќе од сигурно е дека имаат неколку чифта за избор во секое време.
Со оглед на тоа што се воден знак, рибите уживаат во лесните и удобни комбинации како резултат на нивната поврзаност со водата, а секогаш се спремни и за забава, особено оние со ретро тема за што секогаш имаат подготвено комбинација.
Во однос на бојата, рибите како знак се вљубени во нежните нијанси како светло зелена и виолетова, во кои и веројатно ќе најдете најголем број парчиња во нивниот плакар.
Кога се комбинациите во прашање, тие секогаш црпат инспирација од магичните работи, па затоа често ќе ги видите во кошули со лелеави ракави, широки панталони, лежерни фустани и што уште не.
Иако посебни во стилот, луѓето родени во знакот риби не се љубители на големи шопинг центри, па затоа секогаш можете да ги видите во некоја шармантна продавница на аголот полна винтиџ работи.
Ние направивме една супер комбинација која неодоливо потсетува на вашиот знак, а стилските парчиња од истата можете да ги најдете во продавницата на Hugo и Fashion&Friends.
Како ви се допаѓа?