Барај
%
×
HUGO
Hugo Boss се инспирираше од David Bowie за уникатна колекција
БЛОГ

Hugo Boss се инспирираше од David Bowie за уникатна колекција

Познатиот германски бренд Hugo Boss се инспирираше од големиот артист David Bowie за уникатна капсулна колекција која знаеме дека ќе ја обожавате.

David Bowie беше еден од најталентираните музичари во светот и дефинитивно еден од најстилските уметници кои било кога се појавиле на сцената.

Токму поради тоа, не беше чудно бренд како Hugo Boss да создаде капсулна колекција со која ќе му оддаде почит на големиот Bowie.

Колекцијата едноставно е наречена „Hugo Loves Bowie“, а инспирацијата потекнува од периодот 1977 до 1979 – тата година кога пејачот ја издаде Berlin trilogy, или три фасцинантни албуми по ред.

Во колекцијата ќе најдете машки и женски парчиња, стилски модни додатоци, а на маичките на куси ракави пресликани се фотографии од фотосесијата на пејачот за насловната на албумот.

На дел од нив, ќе препознаете некои од познатите наслови на песните на уметникот, но и дел од текстовите на неговите песни меѓу кои и најпознатиот - „Tomorrow belongs to those who can hear it coming“.

„David Bowie имаше неверојатен бунтовнички дух и го живееше животот според неговите услови. Со оваа колекција, сакаме да го поздравиме големото влијание што тој го имаше врз светот и да не ги заборавиме вистинските вредности кон кои тој се стремеше, а истите ги делиме со него“, велат од брендот.

Колекцијата е дел од понудата на брендот за сезоната пролет/лето 2020, а парчињата од истата можете да ги набавите во продавницата на Hugo Boss на плоштад „Македонија“ бр. 40.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                  

05.02.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...