Барај
%
×
HUGO
Diesel најави уникатна есен со спектакуларно шоу во Милано
БЛОГ

Diesel најави уникатна есен со спектакуларно шоу во Милано

 

 

Веројатно кога ќе добиеш покана за ревија на Diesel, веднаш знаеш дека ќе се случува нешто „откачено“, нешто што не се случува на другите ревии, затоа што станува збор за уникатен бренд во неизмерни граници.

 

 

Да, тоа беше случај и со нивната последна ревија во Милано на која ја прикажаа колекцијата за есен-зима ‘23, а сетот беше составен од огромна „планина“ од „Дурекс“ кутии, нормално, испишани со логото на брендот.

За сетот да биде уште повпечатлив и да се најде во сите еминентни модни медиуми, за уникатноста на Diesel сведочеше и „џиновската“ лебдечка скулптура изработена од данското студио „Денис Вандербрук“, а која беше приказ на човечки тела, висока неверојатни 14 и долга 50 метри.

 

 

По којзнае кој пат креативниот директор и дизајнер на Diesel, Глен Мартенс ја покажа својата големина и креативност, прикажувајќи неверојатно изработени модели, претежно во деним изданија, нешто по што всушност е и познат брендот.

Но, овојпат деним парчињата отидоа едно ниво погоре, поставувајќи го добро познатиот материјал врз кадифе за да се добие еден посебен ефект кој што не го познававме досега, а да остане вмрежан во нашата меморија и да говориме за истиот децении подоцна.

Иако посебни и навистина уникатни, парчиња што не секој може да ги „износи“, ревијата на Diesel дефинитивно беше една од оние кои најмногу ќе се паметат, бидејќи во време на брза мода и во време кога секој може да стане дизајнер, тој покажа дека најдобрите, сепак, се оние кои си ја знаат работата и кои цела кариера ја посветиле на модата.

 

 

Неговата пасија уште еднаш можевме да ја видиме токму преку совршено скроените парчиња, но и преку целиот сет што тој го имаше создадено, посочувајќи ни дека секогаш треба да одвоиме време за забава, време да уживаме во животот целосно, да се грижиме едни за други и секогаш, да се почитуваме.

Целата колекција беше технички совршена, тоа можеше да го забележат апсолутно сите присутни, а уште посовршена беше изработката на парчињата од страна на неговиот тим, како и употребата на апсолутно рециклирани материјали од секаков вид што е за апсолутна почит.

Низ текстот погледнете дел од моделите што брендот ги претстави како особено тренди за следната студена сезона, па додека уживате во истите, одберете го вашиот фаворит од колекцијата на Diesel во продавниците на Fashion&Friends и онлајн.

 

 

 

 

 

 
 

 

 

 

















За тоа дека Мартенс е на сосема добар правец во градење на уште поголем бренд од Diesel покажаа и гостите меѓу кои и Бјанка Балти, ѕвездата на серијата „The White Lotus“ Хејли Лу Ричардсон, транс ѕвездата Алексис Стоун која се појави во стилот на актерката Џенифер Колиџ од истоимената серија.
03.03.2023.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...