Безвременската елеганција е дефинитивно синоним број еден кога говориме за брендот Women’secret, а токму таква е и новата колекција, полна неодоливи парчиња долна облека и уште поубави пижами за топлата сезона што доаѓа.
Покрај ултра удобните парчиња пижами, новата колекција на брендот е збогатена со модни додатоци како торби за мини патувања, несесери, термоси и што уште не.
Новата колекција пристигна токму навреме во месецот на вљубените, но и во период кога едвај чекаме да се збогуваме со студените денови и целосно да ѝ се препуштиме на пролетта.
Како и секогаш, материјалите од кои се изработени сите парчиња во новата колекција на брендот се ултра удобни за целосно уживање во сите обврски во текот на денот. Подеднакво пријатни се и оние од кои се направени сите модели пижами, а овојпат, тие доаѓаат во многу бои и дезени.
Она што е прекрасно е тоа што дизајнерите сместија парчиња вредни за инвестиција по којзнае кој пат, па така ни го олеснија изборот кога станува збор за сите пролетни денови пред нас.
Иако брендот е познат по најквалитетните женски парчиња кога е долната и лежерна облека во прашање, овојпат има одлични модели и за момците, а истите се совршена прилика да ги израдувате своите најблиски и да им одберете подарок за следната пригода.
Сосема пригодно, боите во колекцијата се целосно инспирирани од пролетта, па така во најголема мера се присутни нежно сината, жолтата, розовата, белата, нежно зелената и сите останати прекрасни нијанси.
Она што овојпат е супер инспиративно во оваа колекција е тоа што голем дел од пижамите имаат исклучително добар дезен и истите можат да се носат и како дел од вашите дневни комбинации, во вид на добра цветна кошулка комбинирана со џинс.
Низ текстот ќе ги најдете сите наши фаворити од колекцијата на Women’secret, па инспирирајте се и во шопинг на најубавите парчиња со кои ќе ја дочекаме пролетната сезона.