Омилениот германски бренд Бос новата година ја започна со несекојдневна кампања која за многу кратко време стана ултра вирална благодарение на познатите личности кои ги ангажираа.
Секој истакнат во својата област, познатите момци и девојки позираа облечени во новата колекција на брендот со нивна фотографија од детството сакајќи да прикажат од каде доаѓаат и како со многу труд денеска се ултра популарни.
Овојпат, на нивните познати амбасадори меѓу кои и Наоми Кемпбел, Кендал Џенер, актерот Ли Мино и тенискиот ас Матео Беретини им се придружија и миленикот на дамите Малума и прекрасната манекенка Џиџи Хадид.
Кампањата ја фотографираше познатиот Микаел Џансон кој направи серија одлични фотографии од познатите личности со нивните фотографии од детството, прикажувајќи го нивниот исклучителен пат до успехот.
Последниве години, брендот се покажа како неверојатно успешен во однос на кампањите, здружувајќи ги силите со познати млади инфлуенсери и ски брендови за уште постилска опрема, а сето тоа се чинеше оправдано и сосема успешно.
Она што овојпат беше поинаку од досега, е тоа што брендот имаше одлична стратегија за оваа кампања во која ги вклучи и вработените и нивните обожаватели преку социјалните мрежи кои објавуваа фотографии преку #BEYOUROWNBOSS.
Со ова, брендот ги раскажа нивните приказни уште еднаш потврдувајќи дека сè е можно кога се работи упорно и дека успешните луѓе не се раѓаат, туку се создаваат во текот на животот.
Ние сосема ја подржуваме нивната приказна, потврдувајќи дека секогаш треба да се насочиме кон надминување на пречките за да се постигне она што вистински се сака во животот. А ние, неверојатно сме вљубени во новата колекција на брендот.