Барај
%
×
HUGO
Бијонсе доминираше на Греми, стана најнаградуван артист во историјата!
БЛОГ

Бијонсе доминираше на Греми, стана најнаградуван артист во историјата!

 

 

 

Со освоени четири нови награди, Бијонсе стана најнаградуваниот изведувач во историјата на Греми наградите. Откако задоцни на церемонијата, со извинување дека била задржана во сообраќај, таа ги прими наградите за најдобра R&B песна, за најдобра снимена денс/електронска песна, за најдобар албум во истата категорија и за најдобар R&B настап.

 

 

Сега, во нејзината колекција има вкупно 32 Греми награди што ја прави артист со најмногу освоени, што не се случило во историјата на церемонијата.

„Се обидувам да не бидам многу емотивна, се обидувам да ја примам оваа вечер“, изјави таа на сцената заблагодарувајќи ѝ се на цела заедница што ја подржува и на нејзиниот прекрасен сопруг.

Покрај Бијонсе, најголем победник, сосема очекувано, вечерта беше миленикот на новата генерација Хари Стајлс, а наградата за најдобар албум за изминатата година му беше доделена од неговата најголема обожавателка, 78 -годишната Реина од Онтарио која беше исклучително возбудена.

 

 

 

„Бев многу инспириран од секој еден артист во оваа категорија (мислејќи на Адел и Бијонсе). Оваа вечер мислам дека не постои такво нешто како најдобар во музиката...ова мене не ми се случува многу често“, изјави пејачот видно возбуден.

Адел ја освои наградата за најдобра соло изведба за огромниот повратнички хит „Easy On Me“, а дома си замина со нејзината 16 – та Гремиј награда. Неверојатни три награди и тоа за најдобра рап изведба, најдобра рап песна и најдобар рап албум освои големиот Кендрик Ламар.

Меѓу најзначајните моменти вечерта беше оној кога ултра популарната Лизо ја доби наградата за најдобар запис на годината за „About Damn Time“, а наградата му ја посвети на музичката легенда Принц и секогаш инспиративната Бијонсе.

 

 

Интересен момент беше оној кога Сем Смит и Ким Петрас ја добија наградата за најдобра соработка за песната Unholy, а на сцената видно возбудена Ким посочи дека и е многу драго што е втората трансродова жена што ја добива наградата.

Вечерта во Лос Анџелес беше исклучително интересна и во однос на настапите, а меѓу највпечатливите беше оној на Хари Стајлс, Тејлор Свифт, Бед Бани и специјалниот настап на Др. Дре со кој се означи 50 годишнината од хип-хоп музиката.

 

 

Очекувано, ѕвездите изгледаа неверојатно во одлични креации какви што и му доликуваа на настанот, а меѓу највпечатливите беа дефинитивно Лизо, Адел, Бијонсе, Џенифер Лопез, Карди Би, Тејлор Свифт, Вајола Дејвис, Хајди Клум, Хари Стајлс, бендот Манескин, а имаше и такви чии изгледи се најдоа на мета на критики.

Ние ги одбравме највпечатливите, па вие кажете ни кој е вашиот фаворит?

 

 

 

 

 
 

 

 

 

 

 

 

 

Фото: Getty Images 
Инфо: The Guardian 
06.02.2023.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...