Конечно пред нас е викендот кога можеме да го прославиме завршувањето на „најдолгиот“ месец во годината и да се подготвиме за новите предизвици што ги носи работната недела.
За да се случи тоа, треба добро да одмориме, но и да уживаме на прошетка или ручек со семејството и пријателите. Секако, барем една вечер одвојте за добра забава која понекогаш нѝ е и повеќе од потребна.
Веројатно прво на што помисливте се комбинациите во кои ќе се појавите на сите настани, па ние сме тука да ви ја дадеме сета инспирација што ви е потребна. Доколку планиравте излегување со пријателките, комбинацијата од кожено здолниште и бела кошула секогаш е сигурна, а истовремено и впечатлива и соодветна за вечерно излегување.
Истата надополнете ја со стилски чизми, впечатлив накит во неодолива златна боја и секогаш, совршена шминка и фризура.
Дневните прошетки никогаш не мора да значат здодевен стајлинг, туку напротив, комбинирање на нешто уникатно и доволно впечатливо за овој дел од денот. Шармантните мантили и оваа сезона се едни од најбараните парчиња, па со оглед на тоа што викендов ќе имаме сончево и топло време, совршен момент е да ги вметнеме во комбинациите.
Без разлика која боја и да ја одберете, мантилот е инвестиција со која никогаш нема да погрешите, бидејќи изгледа неодоливо во било која сезона.
Можете да го носите со чизми или со патики, како соодветни обувки за викенд прошетка во парк или семеен ручек.
Искористете го викендот максимално, па не пропуштајте го ниту вечерното излегување за кое веднаш знаеме што ќе облечеме – неговото височество фустан!
Во зависност од местото, ние ви предлагаме стилско парче со кое дефинитивно нема да погрешите каде и да одите, а можете да го комбинирате со било кои чевли.
Во случајов, шармантниот портокалов фустан со панделка на средината го надополнивме со чизми на висока потпетица, а изборот на чанта и накит го оставаме на вас.
Точкастиот принт и сезонава е еден од омилените, па доколку сè уште немате парче со истиот, денеска е моментот да го поправите тоа. За неделните уживања, комбинирајте панталони токму со овој принт, oversized палто и едноставна бела маичка одоздола.
Комбинацијата истакнете ја со сив капут како еден од најголемите класици, а чантата нека биде комбинација од боите на останатите парчиња.
Викендот е совршено време кога можете да ги погледнете парчињата од новите колекции и да си го нарачате омиленото парче онлајн за да стигне на време и да се подготвите за слободните денови што следат.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: