Модната библија Вог ја прогласи Кејти Холмс за една од највлијателните модни икони за 2019 – тата година, а долг е списокот на луѓе кои се согласуваат со тоа.
Во текот на целата година, познатата актерка беше една од најфотографираните познати личности во Холивуд, а многумина ја забележаа нејзината фантастична трансформација кога е стилот во прашање.
Почнувајќи од едноставни дневни комбинации со впечатлив џемпер и фармерки, па сè до уникатен мал црн фустан, Кејти беше кралица на стилските комбинации од кои ниту една не помина незабележано.
Она што е интересно е тоа што таа беше до толку влијателна, што градникот и џемперот од комбинацијата со која прошета низ Менхетен за кратко време станаа вирален хит и беа распродадени екстремно брзо.
За ситуацијата да биде уште поголема, познатите high street брендови почнаа да прават копии од комбинацијата градник – џемпер на Кејти која девојките ја обожаваа.
Меѓу стајлинзите со кои прекрасната актерка нè освои беше и онаа во која белите фармерки и блуза ги украси со уникатен капут од Манго, а истиот во подолга варијанта сега можете да го нарачате онлајн.
Она што е супер е тоа што станува збор за капут вреден за инвестиција, бидејќи истиот можете да го комбинирате со што и да посакате, без разлика на пригодата.
Носете го со стилски фустан на работа, со дуксер и фармерки за прошетка, со панталони и кошула за на состанок и во уште милион други комбинации.
Повеќе од сигурно е дека без разлика во која комбинација ќе го вметнете, нема да останете незабележани.
Сите комбинации на Кејт се инспирација за секоја дама, па така денеска ви предлагаме парчиња со кои и вие можете да ги правите истите.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: