Барај
%
×
HUGO
Естетиката од 90 -тите се провлекува во сите модни трендови за 2023
БЛОГ

Естетиката од 90 -тите се провлекува во сите модни трендови за 2023

 

 

Ако порано воопшто и не можевте да замислите да излезете од дома со мала чанта, денеска, тоа е секојдневие на сите девојки кои барем малку се вљубени во модата.

 

 

Веројатно знаете дека ерата на 90-тите ја одбележаа токму овие мини чанти во кои иако не можеше да собере ништо, имајте на ум дека во тоа време мобилните телефони речиси и да не постоеја, сепак беа доволни да изгледаме кул и да ги сместиме основните потреби.

Подеднакво популарни беа и фармерките и панталоните со низок струк во комбинација со куси блузички, надополнети со џемперчиња на копчиња за тотален изглед на шик девојка.

Овие, а и многу други парчиња од 90 – тите се враќаат на голема врата оваа сезона, а со нив и носталгијата за едно прекрасно време на кое секогаш сакаме да се сеќаваме.

Едноставни модели на патики

 

Минимализмот од 90 – тите и љубовта кон едноставните, но ефективни парчиња ќе се провлекува низ целата година, ставајќи акцент на рамните патики без многу украси, широките панталони овојпат претставени преку карго варијантата, чевлите со впечатлив шпиц, фустаните и здолништата со отвор, високите чизми и оние со врвки, кусите здолништа како и фармерките со низок струк.

Колку и да не сакаме да признаеме, новите генерации се оние кои го диктираат секој нов тренд, па популарните модни куќи и high street брендовите се чини се водат од нивните потреби при креирање на новите колекции, сакале тие или не.

Мали чанти

 

Нивните профили на социјалните мрежи се место каде многумина бараат инспирација, па доколку отворите барем еден на некои од најпопуларните момци и девојки, ќе ги погледнете сите комбинации од вашиот плакар од 90 – тите.

Мини торбичките дефинитивно ќе бидат најголемиот хит за оваа година, а истите ги популаризира модната куќа Фенди во 1997-та, а денеска, истите се повторно едни од најпродаваните.

По долги години владеење на „mom jeans“, време е да се вратиме на корените и да ги одбереме најстилските фармерки со висок струк што толку многу сакавме да ги комбинираме. Оваа сезона, девојките ги комбинираат со куси маички или џемперчиња и задолжително, чевли со шпиц!

Широки панталони

 

Токму овие чевли се најавени како еден од најголемите трендови во 2023 -тата година, а познатите Инстаграм девојки засега ги комбинираат со многу долги панталони или фармерки или за елегантните моменти, со тесен макси фустан.

Иако можеби сега ќе си речете дека за следниов тренд треба храброст, време е да ги оставиме сите здодевни парчиња зад нас и да направиме супер комбинација со фустан или здолниште со впечатлив отвор. Доколку истото ви е планирано за некоја деловна комбинација, бидете дискретни, а за сите останати пригоди, слободно експериментирајте.

Чевли со шпиц

 

Она што го обожаваме кај чизмите е тоа што истите можеме да ги носиме и во пролет, комбинирани со омилените лежерни парчиња, па тоа нека биде случај и оваа сезона. Не двоумете се и на намалувањата набавете си ги сите оние што ги обожававте, а предност дајте им на високите и на оние со врвки во крем нијанса.

Кусите здолништа се дефинитивно нешто што нѝ доаѓа на ум меѓу првите работи кога говориме за трендовите од 90 – тите, а оваа сезона, истите ќе ги комбинираме со некои шик чорапи и рамни чевли со шнола во предниот дел. 

Иако е многу тешко да се одвоиме од фармерките со висок струк како наши омилени минатите неколку години, модните експерти посочуваат дека сезоната што доаѓа, оние со низок струк ќе бидат фаворити во комбинација со шик маичка и волуменозна пролетна јакна.

Се пронајдовте ли во некој од посочените модни трендови за 2023 – та? Ние ви предлагаме парчиња од новите колекции на нашите брендови за да ви ја олесниме потрагата и секогаш да бидете во чекор со она што следи!

Фустани/здолништа со отвор

Високи чизми 

 

 
Куси здолништа
 

Фармерки со низок струк  

30.01.2023.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...