Барај
%
×
HUGO
Водолија: Парчиња што неодоливо потсетуваат на иднината!
БЛОГ

Водолија: Парчиња што неодоливо потсетуваат на иднината!

 

 

Веќе неколку дена сме во сезоната на Водолиите, еден од најинтересните и најмистичните знаци од Зодијакот, па денеска е совршен ден да ви ја претставиме комбинацијата што дефинитивно најмногу ги опишува оваа сезона.

 

 

По сите пишувања на познатите астролошки медиуми, оваа година стилот на Водолиите целосно ќе се насочи кон иновациите и технологијата, па така ќе можеме да ги видиме во парчиња што неодоливо потсетуваат на иднината и секогаш се толку уникатни.

Како и секогаш, тие нема да имаат никаков проблем во комбинирање дури и на оние парчиња што не можете да замислите дека одат заедно, а тие ќе го прават тоа со голема смелост и без никакво двоумење.

 

 

Нивното чувство за експериментирање ќе направи сите стајлинзи што ќе ги одберат да доминираат во толпата и да се истакнат, токму по нивната уникатност.

Еден од најпознатите Водолии во светот на шоу – бизнисот дефинитивно е Хари Стајлс, а кога ќе се сетиме на неговата умешност на правење добри комбинации и уживање во експериментирањето, тогаш не треба многу да размислувате.

 

 

Оваа година, купете си ги сите оние парчиња за кои некогаш се двоумевте и додадете доза на мистичност во вашите храбри комбинации, целосно уживајќи во предностите што со себе ги носи модата.

Кога говориме за боите што ќе го одбележат стилот на Водолиите следниве месеци, дефинитивно првата на која нѝ текнува е нежно сината која толку добро им прилега на сите нив, но сета останата пастелна палета и светли нијанси се нивни оваа година.

 

 

Нашиот предлог за совршената комбинација за дамите Водолии е целосна Guess комбинација составена од неколку парчиња меѓу кои и панталони со цветен дезен, карирано палто, чанта во неодоливо нежна сина нијанса и обетки во ист стил.

Без разлика на тоа кои парчиња ќе ги одберете, обидете се оваа сезона да си играте со парчињата, ставајќи акцент на оние со интересен принт и крој, за конечно да излезете од комфорната зона.

27.01.2023.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...