Иако сега ќе си речете дека апсолутно има уште долго време до најубавата сезона во годината, ние, сакаме да говориме за истата, иако е рано.
Новата колекција на Parfois во нас ги разбуди најубавите емоции поврзани со топлото време, прикажувајќи неодоливи парчиња какви што само можете да посакате. Како и секогаш, дизајнерите на брендот во колекцијата сместија парчиња уникатен накит, овојпат надополнет со детали во земјени тонови, но и подеднакво шармантни модни додатоци како часовници, паричници и секогаш најубавите чанти.
Според сето она што го имаме на увид досега, како и минатата сезона, така и оваа, мини чантите во интензивните бои ќе ја одбележат новата сезона, а дотогаш, одберете од палетата на секојдневни бои како белата, црната и кафената за заокружување на вашите стилски комбинации.
Во колекцијата буквално секоја девојка ќе си го најде својот фаворит, без разлика дали е вљубеничка во минималистичките парчиња или пак сака нешто повеќе, истата е полна производи кои говорат нешто сосема поинакво.
Како и секогаш, така и овојпат, брендот претстави и парчиња кои се олицетворение на вистинската класика, па така без двоумење набавете си ги и дополнително истакнете го вашиот омилен црн фустан за пригодата што следи.
За „wow“ ефект, одберете дел од уникатно изработените обетки во бои како никогаш досега и бидете препознатлива каде и да се појавите.
Новите парчиња на Parfois целосно се посветени на уникатните дами кои секогаш сакаат нешто повеќе од животот, кои се автентични и посебни во она што го прават.
Секако, во колекцијата ќе ги најдете и најуникатните подароци за вашите драги личности, па доколку пред вас имате некоја посебна прилика или пак едноставно, сакате да се почестите себеси, тогаш новата колекција на Parfois е токму за вас.