Барај
%
×
HUGO
Јарец 2023: Класичен стил со модерен твист!
БЛОГ

Јарец 2023: Класичен стил со модерен твист!

 

 

Како што споменавме во првата блог објава во која ви посочивме дека секој месец ќе говориме за знакот што доминира и стилот со кој ќе инспирира во текот на новата сезона, почнуваме со еден од најинтересните знаци во зодијакот, Јарец, особено кога станува збор за стилот.

 

 

Во новата 2023-та година, Јарците целосно ќе се осврнат на одбирање парчиња кои се вистинска класика во интересни нијанси, но со одредена доза на уникатни модни додатоци какви што само тие знаат да одберат.

За да ви ја разбудиме фантазијата и да ви предложиме некои од нашите омилени парчиња од новите колекции на нашите брендови, направивме една неодолива илустрација како ние ги замислуваме девојките во знакот на Јарец оваа година.

 

 

Станува збор за шармантен костим со потпис на Mango во уште поубава нијанса совршена за будење на пролетните денови пред нас, комбиниран со марама со цветни мотиви од Parfois и уникатни обетки од истиот бренд.

Токму оваа комбинација целосно посветена на дамите Јарци, говори за нивната бестрашност, рефиниран стил и несекојдневна естетика, а сепак толку „класи“ и далеку од здодевна.

Се чини класиката со доза на модерен твист ќе ја одбележи новата година за Јарците кога станува збор за стилот, а новите колекции на брендовите на Fashion Group нудат мноштво вакви парчиња во кои знаеме дека нема да биде тешко да се вљубите.

Со почетокот на новата година, не двоумете се и за вашиот роденден почестете се со некое парче во кое отсекогаш сакавте да инвестирате, а кое ќе биде она на кое ќе се навраќате цела година.

 

 

Земјените знаци секогаш се познати по внимателно одбраните детали, а дека се знаци со истенчен стил го докажуваат и некои од најстилските познати дами меѓу кои и Дајан Китон, Мишел Обама, Кејт Мос и многу други.

За вашиот роденден, ние ви предлагаме инвестиција во овој совршено скроен костим со потпис на Mango, марама и обетки од Parfois и секогаш, многу самодоверба!

Илустрација: Алмир Мили

16.01.2023.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...