Ако порано девојките носеа дуксери само за прошетките низ парк или пак по дома, денеска ова парче стана едно од омилените во секојдневието, дури и дел од комбинациите за на работа.
Познатите блогерки и ИТ девојки направија ова парче преку ноќ да стане едно од најбараните, па голем број брендови го додадоа во понудата.
Денеска, дуксерите се вбројуваат меѓу најпродаваните парчиња што девојките ги обожуваат и ги комбинираат буквално со сè.
Истите воопшто не се нови на модната сцена, туку она што е ново е начинот на кој девојките ги носат и каде ги носат.
Овојпат, многу подалеку од фитнес салата, дуксерите станаа парчиња на кои девојките понекогаш им додаваат и здолниште со сандали и сето тоа изгледа шик.
Тоа воопшто не е за изненадување со оглед на тоа што спортската облека е исклучутелно популарна последниве години, а сето тоа благодарение на една нејзина карактеристика – удобноста.
Токму дуксерите ќе ви го разубават секој ден, а вие ќе уживате извршувајќи ја секоја обврска, бидејќи речиси секогаш, истите се направени од нежен и мек материјал што гарантира комфор.
Познатите девојки ги носат со стилски фармерки, плисирани здолништа и високи чизми, со впечатливо карирано палто одозгора и задолжително – со кружни обетки.
Она што е супер е тоа што ако ви дозволува работното место, денеска има бројни модели на едноставни дуксери во супер бои кои можете да ги носите дури и на состаноци и да изгледате сосема средено.
Не двоумете се да го „украсите“ дуксерот со модни додатоци како обетки, ланчиња и што уште не и да го носите дури и со најсвечените панталони, ако вие сметате дека така изгледа добро.
Експериментирајте со стилот сезонава и уживајте во удобноста на вашите омилени нови дуксери што ве чекаат онлајн на fashiongroup.com.mk.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: