Барај
%
×
HUGO
Највпечатливите стајлинзи на Златните Глобуси 2023
БЛОГ

Највпечатливите стајлинзи на Златните Глобуси 2023

 

Откако минатата година NBC одлучи да не ја емитува церемонијата на Златните Глобуси 2022 како резултат на контроверзиите поврзани со HFPA односно организацијата што стои зад наградите, сосема очекувано, оваа година сите се појавија во своите најдобри изданија.

 

 

Иако многумина се разочараа што најголемиот фаворит „Wednesday“ не освои ниту една награда, иако Џена Ортега беше номинирана во категоријата „Најдобра актерка“ и серијата во „Најдобра ТВ серија“, сепак шоуто беше и повеќе од спектакуларно.

 

 

На црвениот килим пристигнаа некои од најголемите, односно најактуелните ѕвезди во моментов, во стајлинзи какви што само оваа церемонија заслужува.

Кај дамите доминираше изборот на елегантни креации во сирена крој во претежно сребрени и нијанси во боја на кожата, додека момците изгледаа супер елегантно во смокинг варијанта, но и по некој костим во впечатлива боја и детаљ.

 

 

Подеднакво интересен момент кај шоуто, покрај исклучителните стајлинзи, беше и оној кога водителот и комичар Џерод Кармајкл ја отвори церемонијата со зборовите: „Тука сум зашто сум Афроамериканец“, осврнувајќи се на недостатокот на разноликост кај членовите на организацијата NFPA.

Неговиот монолог беше навистина исклучителен, по што неговото име за многу кратко време стана трендинг број еден на социјалната мрежа Твитер. Тој се осврна на тоа што без разлика какви контроверзии се случиле минатата година со организацијата, повеќе од драго му е што е во иста соба со толку талентирани артисти, луѓе на кои се огледува, луѓе кои се неверојатно инспиративни.

 

 

За воведот во церемонијата тој доби громогласен аплауз, а директорот на организацијата рече дека работат на тоа да ја сменат и подобрат праксата во однос на тоа какви членови ќе ангажираат во иднина, мислејќи на поголемиот ангажман на Афроамериканците.

Во однос на наградите, најголемиот победник на вечерта беше драмата „The Fabelmans“ на Стивен Спилберг, номинирана во категоријата најдобар филм. Најдобар во категоријата „Лимитирана серија“ беше „White Lotus“, најдобар режисер, апсолутно заслужено, Стивен Спилберг, Најдобар филм од неанглиско подрачје беше „Argentina, 1985“, Актерка Кејт Бланшет за „Tar“, Актер Остин Батлер за „Elvis“, Најдобра актерка во ТВ серија Кинта Брансон за „Abbot Elementary“ и нејзиниот колега Тајлер Џејмс се издвои како најдобар актер во истата категорија.

Ние ги издвоивме нашите омилени стајлинзи од вечерта, а во истите уживате преку фотографиите низ текстот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор и фото: People.com 

11.01.2023.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...