Иако времето сè уште не нѝ дозволува да посегнеме по оние малку потенки јакни во кои секогаш уживаме, тоа не значи дека не треба да ги погледнеме трендовите и да си го нарачаме омилениот модел за 2020 уште сега.
Како и секоја година, така и оваа, постојат одредени трендови кои момците обожуваат да ги комбинираат, а оваа сезона има по нешто за сечиј вкус.
Она што треба да го направите е да инвестирате во неколку модели што ќе ги комбинирате за разни пригоди, па така набавете си една елегантна во крем или темно сина нијанса, спортска во разиграни бои и секогаш, тексасот како вистински класик.
Јакната е исклучително важен дел од секој машки стајлинг, со оглед на тоа што го заокружува вашиот изглед, и иако понекогаш помислувате дека не е важно парче бидејќи кога тогаш се ослободувате од истото, грешите.
Погрижете се јакната да биде олицетворение на вашиот стил и секако, да биде соодветна за пригодата каде се појавувате.
Едноставните кроеви ќе бидат најзабележителни и следната сезона, но она што особено радува е варијацијата на интензивни бои за кои се надеваме дека момците ќе имаат храброст да ги носат.
Што се однесува до трендовите, уличната мода годинава укажа на тоа дека кај мажите вистински хит ќе бидат бомбер јакните, а подеднакво посакувани се и тексас варијантите, па доколку сè уште немате вакво парче во плакарот, имате можност да си набавите онлајн уште денес.
REPLAY јакна - Од 12.190 ден. на 8.490 ден.
Доколку сте од оние кои имаат малку повеќе храброст, односно стилот им го дозволува тоа, тогаш набавете си кожена јакна која секогаш е есенцијален дел од сечија гардероба.
За преодниот период што следи, кога веруваме дека нè очекува нестабилно време во однос на температурите, посегнете по оние полнети јакни кои се создадени за почетокот на пролетта, но уживајте и во сите модели што ви ги предлагаме од кои знаеме дека ќе го најдете вашиот фаворит.
На fashiongroup.com.mk со сигурност ќе го најдете вашиот совршен модел јакна за периодот што следи, а секој од нив беспрекорно ги следи трендовите во машката мода.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: