Со оглед на тоа што изминатите две години речиси и целосно да заборавивме на социјализацијата, оваа година според многумина ќе биде сосема поинаква и ќе уживаме во сето она на што подзаборавивме.
Крајот на секоја година познатиот производител на бои Пантон ја објавува онаа што ќе доминира следната, а овојпат на голема радост на многумина, изборот „падна“ на бојата магента или интензивно розова.
Иако специфична, модните брендови во новите колекции сместија безброј парчиња во оваа нијанса, а се чини и дека девојките ја обожуваат.
Една од причините зошто сите се среќни дека конечно магентата е боја на годината, е тоа што истата е симбол на оптимизам и благосостојба, а после сите работи што се случија изминатите години, токму тоа е она што нѝ треба.
Изборот на бојата се поклопува и со она што според кинескиот хороскоп ќе биде годината на Зајакот, кој ги претставува истите работи што и прекрасната магента, па се чини среќата и убавите работи кај сите ќе бидат и повеќе од присутни.
Магентата секогаш потсетува на убави и префинети нешта, а речиси сите парчиња што можевме до сега да ги видиме се вистински класици преточени во добро скроени капути, елегантни фустани, здолништа и џемпери за зимскиот период, но и маички за топлите денови што доаѓаат.
Сепак, станува збор за боја што сама по себе е интензивна, па треба внимателно да ја комбинираме, иако храбрите девојки изгледаат толку кул во комбинации целосно направени од парчиња во оваа боја.
Сезонава што доаѓа, да излеземе од комфорната зона и да почнеме да експериментираме, најпрво со облеката и со нови парчиња, а потоа и со сè друго. Доколку сепак сте од оние кои имаат своја боја и не отскокнуваат од истата, задолжително набавете си барем модни додатоци во оваа нијанса.
Ние, одбравме некои од најубавите парчиња од нашите брендови во бојата на 2023 – тата година, а истите можат да бидат ваши со само еден клик на фотографиите низ текстот. За уште повеќе модели, задолжително посетете ги продавниците на нашите брендови.