Не постои поубаво и потопло чувство од она што секој од нас го има за време на празниците, а истото дополнително се истакнува доколку имаш со кого да го споделиш.
Во празничната сезона, повторно се сретнуваме со сите наши пријатели, а овојпат уживавме во дружбата со нашите другари од Дневниот центар за Даунов синдром кои беа и повеќе од расположени.
Во име на нашето пријателство, компанијата Fashion Group им ги разубави празниците со одредена донација, а за паметење беше и денот поминат во нивниот центар каде заедно се радувавме на убавите денови што се пред нас.
Тие нѝ ги раскажаа нивните желби за новата година, а како и секогаш, беа ултра расположени за добра музика и дружба.
За миг, сите заедно заборавивме на нашето секојдневие и си раскажавме на што заеднички треба да работиме за секој еден ден од 2023 да биде уште поубав и поуспешен од претходните.
Ние, им посакавме да останат така расположени и во новата година и да уживаме во заедничкото друштво во секоја следна прилика.