Барај
%
×
HUGO
Boss x Looney Tunes: Стилска колекција инспирирана од годината на водениот зајак!
БЛОГ

Boss x Looney Tunes: Стилска колекција инспирирана од годината на водениот зајак!

 

На 22 јануари 2023 и официјално започнува годината на водениот зајак според кинескиот зодијак, што во превод значи мир, успех, трпение и среќа, па сите очекувања за новата година се и повеќе од позитивни.

 

 

Во пресрет на истата, многу познати брендови се инспирираа од овој прекрасен мотив па направија ултра стилски колекции во чии парчиња едвај чекаме да ги започнеме новите денови.

Меѓу познатите брендови е и секогаш омилениот Boss кој во соработка со Looney Tunes создаде колекција во која момците сакаат да ги поминат сите денови што допрва доаѓаат.

 

Капсулната колекција на брендот се содржи од неколку ултра шик парчиња во која акцентот е ставен на култните карактери од Looney Tunes, особено на секогаш позитивниот Bugs Bunny кој се провлекува низ најголемиот број парчиња.

Бојата на која е ставен акцент во колекцијата, сосема соодветно, е црвената која освен тоа што изгледа ултра добро, е синоним за среќа и просперитет во Азија.

Во однос на моделите од колекцијата, во истата се сместени впечатлива бомбер јакна која слободно може да се каже дека е носечко парче во колекцијата, но и удобни и тренди блузи на долги и куси ракави, дуксери, модни додатоци и други парчиња.

Како и секогаш, брендот не потфрли ниту овојпат кога станува збор за квалитетот на материјалите, па секое едно парче е вистинско уживање и ултра пријатно за носење.

Низ текстот, погледнете некои од највпечатливите модели и одберете ги вашите фаворити во нашата продавница во Сити Мол и онлајн на следниот линк.

 
 
 
 
 
 

 

16.12.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

01.
Nov.
2024.
БЛОГ
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
30.
Oct.
2024.
БЛОГ
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што...