Fashion group Блог

cover-blog

Fashion Group

ЗИМСКА МАГИЈА СО FASHION GROUP

Убавината на зимата, мирисот на штотуку испечените колачиња со цимет, собирањето на целото семејство додека се отвораат новогодишните подароци…декември – месец полн со исчекување на новогодишната магија и сета убавина поврзана со неа.

За да ги дополниме сите специјални моменти на нашите верни купувачи и љубители на модата, Fashion Group подготви зимски каталог кој ќе служи како инспирација во празничните деновите кои доаѓаат. Низ трите различни приказни – “Планински авантури”, “Урбан живот” и “Светла во ноќта”, каталогот претставува комбинации соодветни за различните стилови, потреби и желби на купувачите. Со прикажаните парчиња тие ќе се чувствуваат удобно и привлечно без разлика каде се; низ урбаниот метеж сред новогодишната еуфорија, додека се забавуваат под празничните светла на градот или пак додека уживаат во зимската идила во природа.

 

 

Подарувањето е неизбежен дел од празниците и затоа во оваа издание нудиме избор на многубројни и разновидни подароци, а  облеката и додатоците за најмалите модни вљубениците се исто така дел од каталогот.

Главни улоги во зимската магија која ја креираат брендовите на Fashion Group имаат моделите Ангела Карова и Стефан Симоновски. Фотографите Ани и Дими ги претворија сите впечатливи моменти во успешни кадри, додека пак одговорна за шминка и фризура беше Зорица Николова. Локациите кои им даваат дополнителен шарм на фотографиите се Кантина лаунџ бар, кафе бар Винил и реновираното бачило, дел од скијачкиот центар Заре Лазаревски во Маврово.

Зимскиот каталог е достапен во електронска форма на www.fashiongroup.com.mk, a наскоро ќе може да се најде и во секоја од продавниците на групацијата.

Да бидеме поврзани