Fashion group Блог

blog SPF D FEstival 874x195

Springfield

SPRINGFIELD ДЕЛ ОД Д ФЕСТИВАЛ 2017!

Шпанскиот моден бренд Springfield, познат по модните парчиња за трендовски и релаксиран изглед ќе биде дел од овогодинешното издание на Д Фестивал, кој ќе се одржи од 14-ти до 16-ти јули во Дојран.

По примерот на светските музички фестивали, оваа соработка ја потенцира неизбежната поврзаност на модата и настаните од ваков вид кои се вистинско место за презентација на уникатноста и креативноста во облекувањето.

spffestivalfashion1

Соработката на Springfield и Д Фестивал ќе вклучи повеќе активности. Така, пред започнувањето на фестивалот сите оние кои веќе се подготвуваат,  ќе имаат можност да ја покажат својата #musthave комбинација на Instagram со  хаштаг #SpringfieldFesivalReady и на тој начин да станат потенцијални добитници на вредносни ваучери од брендот.

За време на фестивалот посетителите ќе може да го овековечат својот моден избор на специјално означена Springfield позиција и потоа да го споделат со хаштаг #SpringfieldFestivalFashion. Најуникатните модни комбинации бидат наградени со подароци од Springfield.

Дополнително, 1000 посетители на фестивалот со својата влезница ќе добијат и купони со попуст за купување во продавниците на Springfield.

Доаѓа време за забава и мода, за релаксирани денови и возбудливи ноќи, па затоа подгответе се најдобро што можете и уживајте во уште едно незаборавно фестивалско лето!

Да бидеме поврзани