Fashion group Блог

jasna-3-large

Women’secret

Привлечно, удобно и секси со Јасна Лековска

Секоја сезона women‘secret се стреми да ги исполни барањата и желбите на понежниот пол, притоа да им понуди нешто ново и тренди. Women‘secret е бренд кој прави да се чувствувате Привлечно, Удобно и Секси секојпат кога ги носите парчињата, без разлика дали се работи за долна облека, пижами или пак костими за капење. Секоја жена се разликува по возраста, професијата, потребите, желбите, но секогаш има нешто што ги спојува, а сето тоа се содржи во women’secret.

Јасна Лековска – по професија адвокат, но по струка пилатес-инструктор и сопственик на студиото „Тринити“, е една од девојките кои го отсликуваат брендот. Самоуверена, ведра, фит, природна, инспиративна, се само дел од карактеристиките кои ја одликуваат и ја прават посебна. Одржувањето во форма, грижењето за природниот изглед, промовирањето на здрава исхрана, вежбањето на умот и телото, се есенцијалните работи кои се применуваат во секојдневието на Јасна, а истите се совпаѓаат со тоа што women‘secret сака да го пренесе.

Заедно со Јасна Лековска, изработивме водич, кој вклучува совети за тоа како да се чувствувате Привлечно, Удобно и Секси во текот на целата година!

jasna-5-large
jasna-zadna-large
jasna_1a-large
jasna_1b-large
jasna_1-large
jasna-2-large
jasna-4-large 12375448_10156443975095393_130119469_o

jasna-6-large jasna-7-large

jasna-ws-800x400

Да бидеме поврзани