Fashion group Блог

Blog Cover Slika 847x195px gorjan

Celio

ПОРТРЕТИ НА МАЖИ – ГОРЈАН #MOVEMBER

Овој #Movember решивме да го одбележиме со мини-кампања за брендот celio* која се надеваме дека ќе допре до дел од машката публика и ќе ја подигне свеста за машкото здравје, барем во текот на овој месец. Во кампањата прикажуваме различни мажи кои се издвојуваат по нешто – својата професија, хоби или делувањето во општеството. Тоа се момци кои сакаат да преземаат ризици, кои се ентузијастични, отворени и оставаат впечаток.

Во опуштена атмосфера и на „нивна територија“, преку објективот на Ани и Дими, пробавме да го доловиме карактерот на секоја личност, а во меѓувреме им поставивме неколку интересни прашања.

Запознајте го:

Горјан Гилевски

Правник / фотограф

https://www.instagram.com/v.prozus/

DB2C1265 copy

  1. Ако треба да избереш, кој хаштаг најдобро те претставува?

#скроз

  1. Дали имаш предмет/ритуал кој ти носи среќа?

Додека живеев во Минхен изминатава година успеав да створам ситна понеделничка навика да поминам барем половина  час покрај реката Исар пред да одам на работа. Ваквите ситници не ми носат среќа, радо би рекол дека ме прават среќен.

  1. Забораваш дека времето поминува додека…

Работам на своите фотографии. Речиси е како запаѓање во транс.

DB2C1253 copy

  1. Во која музика, филм, книга или серија најмногу уживаш?

Последно нешто во кое навистина се внесов (и импресијата уште ми трае) е албумот Freetown Sound од Blood Orange. Слушајќи музика кога работам на фотографиите ми помага при поставување параметри кои ми се битни во пост-продукцијата, на некој начин сметам дека ме дисциплинира, ме сосредоточува додека работам.

  1. Што е мажот, во еден збор или фраза?

Колатерална жртва на патријархатот.

  1. Кое е твоето омилено парче облека?

Палто од твид, со дезен рибина коска, изработено во 83та во фабриката ‘Први Мај’ во Пирот, кое баба ми (од страна на мајка ми) му го има подарено на татко ми пред 20на години, но тој не го носел никогаш. Неодамна го дрпнав од плакарот на мајка ми ( фамилијарните vintage алишта се нејзин ресор).

DB2C1269 copy

7. На што особено обрнуваш внимание при изборот на облека?

Да соодветствува.

DB2C1364 copy copy

  1. Што најчесто носиш кога фотографираш?

Апарат(хехе). Најчесто фотографирам на терен, па претпочитам да носам нешто удобно кое не ми создава опструкции во движењето. Чино пантолони и дуксер еден број поголем ми се стандардот.

DB2C1378 copy

  1. Твојата најголема модна грешка е….

Еднаш во текот на додипломските студии на Правен Факултет се појавив во црвени кратки пантолони. Не беше толку модна грешка колку што не соодветствуваше на ситуацијата, што искрено мислам дека е полошо, хаха.

  1. Колку мажите во Македонија се грижат за своето здравје?

Иако можам слободно да кажам дека мојата генерација навистина посветува повеќе внимание на себе, генерално нивото на грижа е се’ уште релативно ниско. И покрај тоа што имаме повеќе кампањи чиј фокус е машкото здравје, сметам дека подигањето на свеста напредува бавно.

  1. Што треба да подобрат во грижата?

Мислам дека промената треба да дојде одвнатре. Да се надмине мачо архетипот за да се елиминира она класично сценарио каде се оди на доктор кога симптомите се веќе присутни. Делумно би ставил акцент на нашето образование, сметам дека идејата за себегрижа треба да почне да се култивира уште во најрана возраст. Можеби грешам, но сметам дека во Балканскиот менталитет долго време суптилно се перпетуира идејата дека болеста е нешто што се надминува со непридавање внимание на истата. Тоа е фундаментално погрешно.

  1. Порака до мажите за овој Мовембер…

Тешко се апелира до мажите во земјава, но навистина сметам дека имаат општествена поддршка, во смисла дека имаат каде да се обратат за здравствени проблеми од ваков тип, само тврдам дека им е потребно да превземат иницијатива.

  1. Како ти ќе во одбележиш месецот посветен на машкото здравје годинава?

После 2 години поминати во странство, ќе посветам  малку повеќе внимание на моето ментално здравје, пред да почне да ми се одразува на физичкото.

 

Момци со мустаќи и брада, не го пропуштајте #Movember попустот од -15% на целата колекција во celio*

Да бидеме поврзани