Fashion group Блог

Blog Cover Slika 847x195px Marko

Celio

ПОРТРЕТИ НА МАЖИ – МАРКО #MOVEMBER

Овој #Movember решивме да го одбележиме со мини-кампања за брендот celio* која се надеваме дека ќе допре до дел од машката публика и ќе ја подигне свеста за машкото здравје, барем во текот на овој месец, а за сите момци со мустаќи и брада овозможиваме -15% на целата колекција. Во кампањата прикажуваме различни мажи кои се издвојуваат по нешто – својата професија, хоби или делувањето во општеството. Тоа се момци кои сакаат да преземаат ризици, кои се ентузијастични, отворени и оставаат впечаток.

Во опуштена атмосфера и на „нивна територија“, преку објективот на Ани и Дими, пробавме да го доловиме карактерот на секоја личност, а во меѓувреме им поставивме неколку интересни прашања.

Многумина го познавате од малите екрани, но ние ви нудиме можност да го запознаете подобро:

Марко Марк

Новинар , филигран мајстор

Facebook профил

Instagram профил

Номад, екстроверт, авантурист,  полн емпатија

DB2C1202

  1. Ако треба да избереш, кој хаштаг најдобро те претставува?

#vibes  #вибрации

  1. Дали имаш предмет/ритуал кој ти носи среќа?

Веројатно крвчето / ланчето кое го носам постојано со мене

  1. Забораваш дека времето поминува додека…

Сум во друштво на моето семејство и пријателите  особено доколку тоа е во комбинација со некое добро патување – совршена комбинација

DB2C1166

  1. Во која музика, филм, книга или серија најмногу уживаш?

Дегустатор сум без граници верувајте 🙂 Сакам да експериментирам и да консумирам различности во изобилство.  Моментално сум восхитен од четивото  „Ла Суперба“ на авторот Леонард Фајфер … Околу филмовите, сериите…Уххх тоа е безконечна листа,  да не се заборавам во набројувањето  но ајде на момент се присетувам на моите омилени  “Vikings”, “The Stranger Things “ ,“West World”, “Young Pope”, “The Crown”, “Scandal”, “Modern Family”…

  1. Што е мажот, во еден збор или фраза?

Заштитник  – моќност – емоција

DB2C1104

  1. Кое е твоето омилено парче облека?

Тренерки  и спортски обувки – патики

  1. На што особено обрнуваш внимание при изборот на облека?

Чувствувам комфорност доколку изработката е целосна од памук и практикувам да доминираат често моите веројатно пријатни и омилени  бои, плава, бела, сива…

DB2C1155

  1. Твојата најголема модна грешка е….

Ги имало често  и останува опција да се случат некогаш повторно , не придавам премногу значење 🙂 Се се во свое време… Само едноставност, ќе ја вметнам овде познатата мантра “Less is more…” ја практикувам од секаков аспект во секојдневието се почесто

  1. Колку мажите во Македонија се грижат за своето здравје?

Убаво е кога карактерот и  духот  успеваме да го адаптираме со  нашето секојдневно темпо, кај секој од нас е и различно… Така што сите сме посебно индивидуи и единки во овој свет,  и цврсто  верувам дека и секој од нас знае како најкомфорно се чувствува со своја сопствена кожа водејќи и симултано нега и грижа за себе…

  1. Што треба да подобрат во грижата?

Не треба никому да судиме јас постојано го повторувам… Смислата на животот денес  е поинкава, не треба да ни биде животот во некаква постојана трка , бркаме време денес сите само за да успееме да прстигнеме секогаш на некоја локација притоа да бидеме секогаш  комплетни, поинаква е днешната дневна стаза , буквално не “јаде” брзиот живот , затоа денес ни е потребна само малку подобра рационалност и флексибилност… Денес е легитмно да си го диктираме животот со свои сопствени правила и насоки мислам дека така и би успеале  да уживаме многу  повеќе во сопственото гнездо… Најважно е да водиме грижа и хигиена но фокусот е неопходен многу повеќе кон  менталната / емоционалната.

DB2C1123

  1. Порака до мажите за овој Мовембер…

Бидете свои, бидете инспирација …

  1. Како ти ќе во одбележиш месецот посветен на машкото здравје годинава?

Апропо претходната моја куса реченица :)… На свој начин со многу позитивни луѓе околу мене… Но исклучително драго ми е дека  оваа моја  листа на пријатели  се надополни  со секогаш оригиналните  – Celio , со нив започнува една нова моја убава животна етапа… Заедно се надевам  ќе успееме да допринесеме за квалитетно уживање во секојдневието на секој еден припадник на посилниот пол и во Македонија по повод месецот на машкото здравје.

Да бидеме поврзани