Fashion group Блог

Blog Cover Slika 847x195px Janko

Celio

ПОРТРЕТИ НА МАЖИ – ЈАНКО #MOVEMBER

Овој #Movember решивме да го одбележиме со мини-кампања за брендот celio* која се надеваме дека ќе допре до дел од машката публика и ќе ја подигне свеста за машкото здравје, барем во текот на овој месец, а за сите момци со мустаќи и брада овозможиваме -15% на целата колекција. Во кампањата прикажуваме различни мажи кои се издвојуваат по нешто – својата професија, хоби или делувањето во општеството. Тоа се момци кои сакаат да преземаат ризици, кои се ентузијастични, отворени и оставаат впечаток.

Во опуштена атмосфера и на „нивна територија“, преку објективот на Ани и Дими, пробавме да го доловиме карактерот на секоја личност, а во меѓувреме им поставивме неколку интересни прашања.

Многумина од вас уживале и „шизеле“ додека пуштал музика во Љубов, Синдикат или во доцните часови во Балет, запознајте го подобро:

Јанко Смилевски

По диплома историчар на уметност и археолог, по работа меанџија, сериозно хоби пуштање музика. 🙂

Facebook профил

Instagram профил

DB2C0439

  1. Ако треба да избереш, кој хаштаг најдобро те претставува?

#nofilter

  1. Дали имаш предмет/ритуал кој ти носи среќа?

Ноуп, не сум суеверен

  1. Забораваш дека времето поминува додека…

Додека дремам на фејсбук… Морам да го баталам засекогаш

  1. Во која музика, филм, книга или серија најмногу уживаш?

Уффф, тешко прашање, зависи од расположение… Во моментов, серија Stranger Things 2, филм немам гледано одамна али сум изгорен да го гледам Тор: Рагнарок, книги периодов слабо ама затоа се растурив од читање Марвел стрипови и музика Ник Кејв. Уште сум под импресии од концертот во Белград и само тоа слушам. 🙂

DB2C0453

  1. Што е мажот, во еден збор или фраза?

Појма немам. Маж сум и не можам да се опишам со збор или фраза. 🙂

  1. Кое е твоето омилено парче облека?

Генерално не се врзувам за облека. Носам ствари додека не ми здосадат, арно ама низ годините ми останаа слабост две Адидас ориџиналс горни тренерки, едната е Star Wars едишн, а другата е со амблемот на Аргентинска репрезентација и на грбот пишува Hand of God. Па нема подобри. 🙂

  1. На што особено обрнуваш внимание при изборот на облека?

Што знам, нема правило. Обично се фаќам за првото парче што ми се свиѓа.

DB2C0406

  1. Што најчесто носиш кога пушташ музика?

Маица, фармерки, патики… и кога не пуштам.

DB2C0463

  1. Твојата најголема модна грешка е….

Модна грешка??? Што е тоа? Хахах, се шалам… стварно не знам. Едноставен сум за спремање и не се оптеретувам многу со бирање ствари, дали ова идело со она и слично. Ама се случува да излезам од дома со некоја изгужвана маица.

  1. Колку мажите во Македонија се грижат за своето здравје?

Искрено не знам ама мислам дека не премногу.

  1. Што треба да подобрат во грижата?

Повеќе да внимаваат на себе и на сопственото здравје, почести посети и консултации со лекар, некаква физичка активност, барем 2-3 пати неделно и сл.

  1. Порака до мажите за овој Мовембер…

Носечката мовемберска порака: Stop men dying too young.

DB2C0415

  1. Како ти ќе во одбележиш месецот посветен на машкото здраје годинава?

Исто како и претходните неколку години… со еден безобразен брк, со некоја симболична донација и со опасна тематска Мовемберска журка во Љубов и Синдикат, од која дел од средствата ќе бидат донирани во глобалната Мовембер фондација.

Да бидеме поврзани