Fashion group Блог

Blog Cover Slika 847x195px Darko

Celio

ПОРТРЕТИ НА МАЖИ – ДАРКО #MOVEMBER

Овој #Movember решивме да го одбележиме со мини-кампања за брендот celio* која се надеваме дека ќе допре до дел од машката публика и ќе ја подигне свеста за машкото здравје, барем во текот на овој месец, а за сите момци со мустаќи и брада овозможиваме -15% на целата колекција. Во кампањата прикажуваме различни мажи кои се издвојуваат по нешто – својата професија, хоби или делувањето во општеството. Тоа се момци кои сакаат да преземаат ризици, кои се ентузијастични, отворени и оставаат впечаток.

Во опуштена атмосфера и на „нивна територија“, преку објективот на Ани и Дими, пробавме да го доловиме карактерот на секоја личност, а во меѓувреме им поставивме неколку интересни прашања.

Запознајте го:

Дарко Јовчевски

Коосновач и Косопственик на Вело Кафе

https://www.instagram.com/velokafe/

DB2C0243

  1. Ако треба да избереш, кој хаштаг најдобро те претставува?

#Велокафе

DB2C0264

  1. Дали имаш предмет/ритуал кој ти носи среќа?

Немам, но сум оптимист по природа.

  1. Забораваш дека времето поминува додека…

Возам точак

DB2C0278

DB2C0295

  1. Во која музика, филм, книга или серија најмногу уживаш?

Месец ноември е месецот на филмскиот фестивал на европски филм Синедејс во Скопје, најинтересниот настан на полето на филмот во нашиот град и гледам што повеќе проекции да посетам. Пропратен е и со еден куп концерти , што е совршена комбинација за мое уживање

  1. Што е мажот, во еден збор или фраза?

Жител на планетата земја.

  1. Кое е твоето омилено парче облека?

Едвај го чекам првото сонце на пролет за да облечам кратки панталони.

  1. На што особено обрнуваш внимание при изборот на облека?

Да не ме ограничува во намената.

DB2C0269

  1. Колку мажите во Македонија се грижат за своето здравје?

Не доволно.

  1. Што треба да подобрат во грижата?

Покрај здравиот начин на живот да посетат и доктор од време на време.

  1. Порака до мажите за овој Мовембер…

да се информираат за тоа што вклучува машкото здравје и да ги направат потребните рутински прегледи за да го проверат истото .

  1. Како ти ќе во одбележиш месецот посветен на машкото здраје годинава?

Ќе си ја применам мојата порака до другите .

Да бидеме поврзани