Fashion group Блог

Blog Cover Slika 847x195px Aleksandar

Celio

ПОРТРЕТИ НА МАЖИ – АЛЕКСАНДАР #MOVEMBER

Овој #Movember решивме да го одбележиме со мини-кампања за брендот celio* која се надеваме дека ќе допре до дел од машката публика и ќе ја подигне свеста за машкото здравје, барем во текот на овој месец. Во кампањата прикажуваме различни мажи кои се издвојуваат по нешто – својата професија, хоби или делувањето во општеството. Тоа се момци кои сакаат да преземаат ризици, кои се ентузијастични, отворени и оставаат впечаток.

Во опуштена атмосфера и на „нивна територија“, преку објективот на Ани и Дими, пробавме да го доловиме карактерот на секоја личност, а во меѓувреме им поставивме неколку интересни прашања.

Запознајте го:

д-р Александар Митов

М-р по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето, доктор на медицина

https://www.facebook.com/dr.a.mitov/

DB2C1245

  1. Ако треба да избереш, кој хаштаг најдобро те претставува?

#lazarus

  1. Дали имаш предмет/ритуал кој ти носи среќа?

Да, личност 🙂

  1. Забораваш дека времето поминува додека…

Додека редиме лего коцки со син ми.

DB2C1200

  1. Во која музика, филм, книга или серија најмногу уживаш?

Од музика – византиско пеење, филм – Lord of the Rings трилогијата, книга – Game of Thrones (ама книгите!), серија – Battlestar Galactica.

  1. Што е мажот, во еден збор или фраза?

Едната половина од целото.

  1. Кое е твоето омилено парче облека?

Обожавам убави џемпери.

  1. На што особено обрнуваш внимание при изборот на облека?

Да има личен печат.

DB2C1233

  1. Колку изборот на храна може да ни каже за карактерот/ навиките на еден човек?

Мојата тема 🙂 Со еден збор – многу. Целиот пристап кон животот и животна филозофија може да се крие во односот кон храната.

DB2C1218

  1. Колку мажите во Македонија се грижат за своето здравје?

Би можело и повеќе. Грижата за своето здравје не е женска карактеристика. Таа е  универзална и како таква треба да биде прифатена.

  1. Што треба да подобрат во грижата?

Да се прифати дека здравјето е избор и инвестиција. Едноставно да порасне свеста, потоа се друго е лесно. Мојата работа е токму тоа, да помогнам во таа еволуција.

  1. Кој е природниот рецепт за добро здравје и добро расположение според тебе?

Љубов во срцето, ред во умот и нежност кон телото.

DB2C1229

  1. Како ти ќе во одбележиш месецот посветен на машкото здравје годинава?

Ќе досадувам на оваа тема по медиумите 🙂

 

Момци со мустаќи и брада, не го пропуштајте #Movember попустот од -15% на целата колекција во celio*

Да бидеме поврзани